Падна првото апсење откако куќната изолација ја заменил со кафана

0

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера прогласи вонредна состојба на ниво на цела земја, а денеска премиерката Ана Брнабиќ ги повика граѓаните сериозно да ги сфатат сите предупредувања.

-Ве молам, сфатете сериозно. Она што го гледам денеска на улиците е поразително, немојте да не терате да воведеме полициски час. Улиците се полни, сообраќаен метеж има. Границите на Србија се затворени за сите странски државјани освен за тие со дипломатски статус и дозвола за престој.

Ве молам за самодисциплина, посебно старите граѓани да не илегуваат надвор. Војската и полицијата ни се потребни за да им помогнат на медицинските работници, изјави Брнабиќ.

Досега кај нашиот сосед Србија се регистрирани 55 случаи на коронавирус.

За ова да успее, „во битката за постарите лица“, додаде Вучиќ, ќе бидат преземени најтешки мерки.

– Лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови, порача Вучиќ, најавувајќи дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува.

– Доколку мораме во рок од 72 часа – ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто – ќе се донесе обврзувачка одлука сите (стари) лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се во рурални области, најави Вучиќ, кој додаде дека сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација, ќе се соочат со казна до три години затвор.

Како што кажа српскиот претседател, Владата вечерва ќе одржи седница на која ќе бидат прецизирани мерките согласно воведената вонредна состојба.

Сепак, маж од Варварин синоќа поради кршење на наредбите за самоизолација од 14 дена која му била одредена бил приведн од полицијата и однесен на сослушување во Основното обвинителство во Крушевац поради кршење на „Непостапување по здравствени прописи за време на епидемиј“.

Тој наместо во куќна изолациј која му била одредена по враќањето од странство, заминал во кафана, пренесува „Танјуг“.

По сослушувањето обвинителството му одреднило полициски надзор во самоизолација, а кривична пријава против него ќе биде поднесена во редовна постапка.

Претходна статијаЕкспертот од ,,заразно” Јановски објаснува каков треба да биде хигиенскиот третман во овој период
Следна статија(ФОТО) Граѓаните си најдоа алтернатива – сега имаат нови собиралишта