Експертот од ,,заразно” Јановски објаснува каков треба да биде хигиенскиот третман во овој период

0

Добрата работа во врска со ковид-19 е што не се потребни некакви уникатни хемикалии за чистење за да се дезинфицираат рацете и површините“, вели Ендрју Јановски, експерт за заразни болести на Медицинската школа на Универзитетот во Вашингтон и Детската болница Сент Луис.

Вршат работа старите добри сапун и вода. Може да користите и влажни марамчиња, но само оние со алкохол, а не бебешки марамчиња, кои може да не бидат ефикасни, вели Јановски.

А со оглед на тоа што во моментов марамчињата тешко може да се најдат во многу продавници, наместо тоа, може сами да си направите спреј со белило (попознато како варикина). Измешајте 4 лажички белило со 1 литар вода, вели американскиот Центар за контрола на болести.

Мијте ги рацете. Да, стопати го слушнавте ова. Е па направете го веќе! Особено ако сте биле излезени во јавност, сте допреле многу површини. Намачкајте ги со сапун и тријте ги 20 секунди. (Два пати песната „Happy Birthday“, или пејте ја „Baby Shark“ – треба да стигнете до „Daddy Shark“).

И бидете темелни. Некое време тријте ја горната страна на рацете, како и долната, испреплетете ги прстите и тријте, зачистете го секој палец со другата рака и, на крај, за да ги заштитите ноктите од вирусот, благо загребете ја дланката со нив.

Миењето раце е толку важно што ако сите ја одржуваа хигиената со миење на рацете, тоа ќе спречеше приближно 1 од 5 респираторни инфекции, според ЦДЦ – што е еквивалент на околу 6 милиони случаи на грип оваа година.

Средство за дезинфекција на рацете: како да го направите сами

И средството за дезинфекција на раце е ефикасно во убивањето вируси, иако се претпочита миењето раце, според ЦДЦ. Ако немате мијалник при рака, средството за дезинфекција на раце е добар план Б – само мора да има најмалку 60% алкохол.

Со оглед на недостигот од средства за дезинфекција на рацете во некои продавници и информациите за нивно поскапување, има голем интерес за домашно направено средство за дезинфекција на раце. Објавени се многу рецепти што се состојат од комбинација на алкохол и гел од алое вера, како овој на Ваерд.

„Теоретски, ако рецептот може да ја одржи концентрацијата на алкохол над 60%, тој треба да биде ефикасен против САРС-КОВ-2“, вели Ендру Јановски, но додава дека да го направите тоа како што треба може да биде потешко отколку што мислите. Ако се сомневате во правењето на овие домашни средства, сапунот и водата остануваат најефикасни против вирусот.

Вашиот смартфон е како трета рака. Бришете го. Значи, тукушто сте ги измиле рацете и се чувствувате чисто како солза. Потоа го земате мобилниот телефон, и знаете што. Тој е покриен со потенцијални патогени.

„Студиите покажаа дека површините на смартфоните се покриени со бактерии, меѓу кои и бактерии што можат да предизвикаат сериозни инфекции како видови стафилокока“, вели Џуди Гузман-Котрил, експертка за заразни болести на Универзитетот за здравство и наука во Орегон.

А телефоните често се држат близу до очите, носот и устата, каде што бактериите можат да влезат во телото. Затоа, бришете го често.

И не мора долго да го триете телефонот ако користите средство базирано на алкохол. „Само неколку секунди се доволни за тој да се дезинфицира“, вели Јановски.

Претходна статијаДоцна синоќа се обрати Спасовски: Пријавете доколку забележите собрана поголема група луѓе
Следна статијаПадна првото апсење откако куќната изолација ја заменил со кафана