Бојко Борисов најде начин за екстра мотивација на медицинските лица во Бугарија

0

Премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов пред неколку дена се посрамоти поштено при една посета откако камерите го снимија моментот кога се обиде да стави заштитна маска. Но работата тргна наопаку, па наместо на уста и нос, тоја ја стави преку своите очи.

Денес пак од Бугарската Влада беше соопштено дека ќе додели по 1.000 лева (500 евра) месечно дополнителен надоместок за сите медицински лица кои се борат против корона вирусот во Бугарија во моментов. Тоа го најави премиерот Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски.

– Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе објавиме по 1.000 лева по медицинско лице“, најави премиерот.

Тој прецизираше дека Владата треба да постапи со претпазливост за следните мерки и дека државните резерви во моментот многу внимателно се следат.

Потврдени случаи на заболени од коронавирус до утрово во Бугарија беа 31. Има еден починат. До денеска, 157 лица се тестирани во Софија, во Варна 9 и во Стара Загора 17. Во Варна и Стара Загора, примероците се негативни. Но имаме 6 нови случаи на заболени со коронавирус во Бугарија.

Ова го објави на брифингот со медиумите претседателот на Националниот штаб за операции, генералот Венцислав Мутафчиски.

Вкупниот број на случаи со корона е 37. Двајца од нив се роднини на оние што веќе се примени во ММА, рече тој. Другите се нови и неочекувани.

Претходно истиот ден, пациентот кој беше сместен во Пирогов го загуби животот. Неколку дена подоцна, неговата сопруга почина. Досега има 8 случаи на КОВИД-19. Некои случаи се ставени во карантин, а други се хоспитализирани, изјави Мутафчиски.

Претходна статијаМВР со јасна порака до сите они кои што ги прекршуваат дадените препораки
Следна статијаМакедонката Гордана од Шпанија: Открива каква е ситуацијата таму и упати апел до нашите граѓани