Од Министерството за надворешни работи излегос со соопштение пред се за македонските патници кои се залгавени во Малта, но и во Шпанија. Во истото се вели:
Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети.
По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа.
Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул; во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија.
Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата.
Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.
Статус на Македонска Заедница во Малта:
На аеродромот на во Малта заглавена е поголема група на граѓани кои неможат да се вратат во Македонија.
Дипломатката од кариере на Димитров , политичкиот камелеон Магдалена Димова која е в.д амбасадор во Рим праќа смешни емаили до нашинците кои се во паника.
Почесниот конзул на Македонија во Малта асистирал само во делот овие луѓе да бидат вратени во МК во понеделник со Turkish Airlines НО билетот да си го платат сами . Имено истиот билет чини 350-400€ .
На аеродромот на во Малта заглавена е поголема група на граѓани кои неможат да се вратат во Македонија. Дипломатката од…
Публикувахте от Македонска Заедница во Малта/Macedonian Community in Malta в Събота, 14 март 2020 г.
Бараме Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia веднаш да изнајде начин да им се помогне на овие луѓе бидејќи ситуацијата е незавидна . Не сите се во можност да ги платат овие авио-билети ! Никола Димитров – Nikola Dimitrov како ресорен министер да помогне лично !
Ова е крах на дипломатските мисии на Македонија низ светот.