Приватната болница со голем потег: Ги отстапува своите респиратори на граѓаните на Македонија

Деновиве голема фама се крена околу тоа со колку респираторни машини располага нашата држава, поточно клиниката за Инфективни болести.

Денес Министерот Венко Филипче кажа дека тоа во моментов не е проблем. Притоа потенцираше дека на клиниката има 8 вакви машини. Но на други две клиник има многу повеќе во двете одделенија на Интензивна нега на Клиниката за анестезија и над 20 на Клиниката за неврохирургија.

Притоа се очекува да пристигнат во текот на следната недела нови 50 вакви машини.

„ Респираторни машини има и тие не се проблем во моментов. Најважно е да се стави рампа на шарење на вирусот, затоа се и овие мерки. Мора да дадеме нотификација од 48 часа за авиокомпаниите и со оваа одлука се смета за затворен аеродромот”, посочи министерот Филипче.

Во меѓувреме од приватната болница „Аџибадем систина“ се понудија за помош и ги ставија на располагање 27 респиратори доколку бидат потребни.

27 РЕСПИРАТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Почитувани, Во услови на…

Публикувахте от Acibadem Sistina Hospital в Събота, 14 март 2020 г.

Почитувани,Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори.

Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува.