Новиот коронавирус се појави пред крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан каде многу луѓе се здобија со воспаление на белите дробови од непознат причинител.
Наскоро беше откриено дека станува збор за нов вирус – сериозниот акутен респираторен синдром коронавирус 2 или Сарс – КоВ -2. Болеста која тој ја предизвикува е КОВИД 19.
Доктор Џон Вилсон објасни за јавноста дека болеста кај различни категории луѓе се манифестира различно, па така, во некои случаи може воопшто да нема симптоми, додека кај некои други случаи, доаѓа до развој на сериозно воспаление на белите дробови.
Светската здравствена организација новиот вирус го прогласи за пандемија и истакна дека повеќето заболени имаат само благи симптоми слични на настинка.
Според нивниот извештај, околу 80% од заболените со КОВИД 19 оздравеле без потреба од третман. Само едно лице од шестмина може сериозно да се разболи и да има потешкотии со дишењето.
Како овој вирус ги погодува луѓето? Професорот Џон Вилсон вели дека речиси сите заболени кои имаат сериозни симптоми на КОВИД 19 имаат воспаление на белите дробови.
Тој смета дека заразените со новиот вирус може да се сместат во четири категории. Најмалку сериозните слуачаи се луѓе кои се носители на вирусот, но немаат симптоми. После нив доаѓаат оние со инфекција на горниот респираторен систем, т.е. оние кои имаат температура и кашлица и благи симптоми како што се главоболка и конјуктивитис.
“Овие луѓе со поблаги симптоми и натаму можат да го пренесат вирусот, но многумина за тоа не се свесни”, вели тој.
Во најчестата категорија спаѓаат оние кои се позитивни на КОВИД 19 и кои во најголем број случаи завршуваат во болница, а кои имаат симптоми слични на јака настинка.
Во четвртата категорија спаѓаат оние со сериозни симптоми на воспаление на белите дробови.
“Во Вухан беше утврдено дека од оние кои беа позитивни на вирусот и кои побараа медицинска помош, само 6% имаа сериозни компликации” – истакнува Вилсон.
Светската здравствена организација тврди дека под најголем ризик се повозрасните луѓе и оние со здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, срцеви заболувања и болести на белите дробови или дијабетес.
Како се развива воспалението на белите дробови? Кога луѓето имаат КОВИД 19 започнуваат да кашлаат и имаат температура, а тоа според зборовите на Вилсон е знак дека инфекцијата доспеала во респираторниот систем – до воздушните отвори кои го спроведуваат воздухот надвор од телото.
“Заштитниот слој на овие респираорни органи се оштетува, што доведува до воспаление. Ова предизвикува иритација на нервите па дури и незначителна количина на прашина може да предизвика кашлица.
Ако кашлицата се влоши, иритацијата се шири до единиците за размена на гасовите кои се наоѓаат на крајот од дишните патишта. Ако тие се инфицираат, реагираат така што го исфрлаат материјалот создаден од воспалението на воздушните вреќички кои се наоѓаат на дното од белите дробови”, објаснува Вилсон.
Ако воздушните вреќички се воспалат, доаѓа до “прекумерно излевање на материјалот настанат од воспалението и така доаѓа до развој на воспаление на белите дробови.”
Според неговите зборови, белите дробови полни со ваков материјал не успева да достави доволно кислород во крвотокот, што ја намалуа способноста на телото да го прима кислородот и да се ослободува јаглеродниот диоксид.
“Тоа е најчестата причина за фатален исход во случај на сериозно воспаление на белите дробови”, вели тој.
Како може да се лекува воспалението на белите дробови? Засега не постои ништо што може да го спречи воспалението на белите дробови предизвикано од КОВИД 19.
Луѓето испробуваат голем број лекови во надеж дека некоја комбинација ќе биде делотворна.
Засега не постои утврден третман за лекување, освен грижа за заболените кои им се дава на одделението за интензивна нега.
Луѓето се поврзуваат на механички вентилатор (респиратор) кој го одржува нивото на кислород во нивните бели дробови, сè додека тое да се опорават и повторно да профункционираат нормално.
Вилсон вели дека пациентите со вирусно воспаление на белите дробови се под ризик да развијат секундарни инфекции, па се препорачува тие да се лекуваат со антибиотици и антивирусни лекови. Сепак, во некои случаи тоа не е доволно и воспалението на белите дробови има фатален исход.
Дали се разликува восплението на белите дробови кое го предизвикува КОВИД 19 од обичното воспаление? Доктор Вилсон тврди дека постојат докази дека воспалението погодено од КОВИД 19 е особено сериозно и дека во овој случај се погодени целите бели дробови, а не само делови, што е вообичаено кај другите вируси.
“Кога имаме инфекција и во белите дробови и во воздушните вреќички, телото прво реагира така што се обидува прво да го уништи вирусот и да го ограничи неговото размножување”, објаснува тој и истакнува дека оваа прва реакција би можела да биде послаба кај некои луѓе со слаб имунитет, вклучително и оние со болести на срце, бели дробови и дијабетес, како и постарите лица.
Според зборовите на експертите, луѓето постари од 65 години општо се под поголем ризик од воспаление на бели дробови, како и оние со хронични болести на белите дробови, срцето, бубрезите и црниот дроб, како и оние кои имаат рак и дијабетес, а под ризик се и пушачите.
Без разлика на тоа колку здрав живот водите, ризикот од воспаление на бели дробови се зголемува од година во година, бидејќи нашиот имунолошки систем сè повеќе слабее, па телото потешко се бори со инфекциите и болестите.
И.П. Фото: Илустрација
Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.