Најмногу нови случаи со Корона за еден ден во Македонија: Дополнителни, уште посилни мерки на Владата

0

Венко Филипче, Министерот за здравство вечерва се огласи на нова прес-конференција на која соопшти дека денес има уште шест нови случаи на заразени до Корона вирус.

„Денес имаме шест нови пациенти позитивни, меѓу нив една пациентка која се вратила од Барселона со авион. Сите други 51 патник во авионот се во домашна изолација. Сега во нашата земја има 18 пациенти од Корона. Од новите дијагностицирани  пет се од Дебар и тие ќе останат во тамошната болница на лекување. Ќе испратиме дополнителен кадар во болницата во Дебар.“

Филипче потенцираше дека сите копнени гранични премин, освен Табановце Деве Бари, Ќафасан и Богородица ќе бидат затворени. Исто така ќе биде затворен и аеродромот во Охрид. Исто така се затвараат сите молови, кафетерии, кафани, кладилници.

Дирекцијата за заштита и спасување со своите припадници активно учествува во кризното подрачје на територијата на Дебар и Центар Жупа.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски, синоќа издаде наредба за мобилизација на дел од силите за заштита и спасување. Силите на Дирекцијата за заштита и спасување покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје, ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови, како и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Р.Северна Македонија поради лична заштита и заштита на целото население.

Претходна статијаСе огласија експертите од цел свет со нивни истражувања: Дали летото ќе нè спаси од коронавирусот?
Следна статијаСега веќе нема сакам -неќам: Сè се затвора и ќе мора да се седи дома