Се огласија експертите од цел свет со нивни истражувања: Дали летото ќе нè спаси од коронавирусот?

0

Спроведената студија во Универзитетот Сан Јат Сен во кинескиот Гуанчжоу открива дека одредена температура може да го погоди ширењето на коронавирусот.

Студијата која беше спроведена минатиот месец и која сè уште мора да помине на рецензија, сугерира дека топлината има значително влијание врз коронавирусот и дека би можела да влијае врз неговото ширење.

Коронавирусот, како што се наведува во студијата, чувствителна е на високи температури кои би можеле да влијаат врз спречување на ширењето во земјите со потопла клима, додека во земјите со поладна клима би требало да спроведат построги контроли кога станува збор за вирусот.

Во многу земји од светот, владите и експертите се надеваат дека бројот на заболени ќе се намали со топлото време. Но една друга студија спроведена од страна на група истражувачи, меѓу кои и Марк Липситич од Универизтетот Харвард, открива дека ширењето на коронавирусот е можно и во подрачја со различна количина на влага.

“Самите временски прилики, како зголемување на температурата и влажноста нема значително да влијаат врз опаѓањето на бројот на заразени од коронавирусот, без имплементација на здравствено јавни мерки” – се наведува во таа студија.

Имено, група научници својата студија ја темелат врз база на податоци од секој пријавен случај на коронавирус потврден помеѓу 20.јануари и 4.фебруари, што вклучува повеќе од 400 кинески градови и региони.

Податоците се споредени со метеоролошките податоци за јануари, а анализата покажала дека бројот на заразени пораснал додека температурата на воздухот изнесувала 8.72 степени Целзиусеви, а потоа бројот на заразени започнал да опаѓа.

“Температурата на воздухот има влијание врз околината во која луѓето живеат, па таа може да има улога по прашањето на контрола на епидемиите” се наведува во студијата.

Хасан Заракает, експерт од Центарот за инефективни болести од американскиот Универзитет беирут, тврди пак, дека потоплото и повлажното време може да влијае врз намалувањето на заразата со овој вирус.

“Сè уште учиме за овој вирус, но она што го знаеме за другите коронавируси може да ни биде од помош” – тврди Заракает.

“Ако временските прилики успеат да ни помогнат во намалување на ширењето на заразата, тогаш ќе можеме да го спречиме неговиот понатамошен развој”, тврди тој.

Мајк Рајан, шеф на Одделението за итни состојби при Светската здравствена организација, порачува дека јавноста претерано се надева дека епидемијата ќе исчезне автоматски кога ќе дојде летото.

“Мора да препоставиме дека вирусот и натаму ќе се шири. Кога би им кажале на луѓето дека летото ќе биде нашиот спас од коронавирусот, само би им дале лажна надеж. Не можеме ова да го тврдиме, бидејќи за тоа не постојат докази” – заклучува тој.

Претходна статијаМиа Костова: Пендерци само за вас
Следна статијаНајмногу нови случаи со Корона за еден ден во Македонија: Дополнителни, уште посилни мерки на Владата