Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи пред неколку моменти со најнови информации поврзани со Корона вирусот.
Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.
Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.
Во меѓувреме попладнево, на корона вирус се тестирани уште 8 пациенти меѓукои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.
Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле…
Публикувахте от Венко Филипче в Петък, 13 март 2020 г.
Како што е познато Владата донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, четири нови пациенти од Дебар позитивни на корона вирус.
Пациентите кои се позитивни на корона вирус се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, која беше примена со нејзиниот сопруг. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и на граница е за да биде поставена на механичка вентилација.
Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување, согласно параметрите и сатурацијата на кислород, да биде поставена на машина за дишење.