(ФОТО) Како е во кризниот регион: Дебар и преку ден и преку ноќ со посебни мерки

0

Четири нови случаи на корона вирус се потврдени во Македонија, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Како што кажа тој, станува збор за лица од Дебар, на возраст од околу 55 години, кои биле во контакт со втората група заболени, односно со брачниот пар што беа втор и трет случај во земјава.

Како што рече министерот Филипче, во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризина состојба. A ова во превод значи дека нема да може да се влезе и излезе од овие општини.

Токму од Дебар се најголем број од заразените со Ковид, вклучувајќи ги и новите четири случаи.

Dezinfektimi i këndit të lojrave në parkun e qytetit .

Публикувахте от Shtabi operativ Komuna Dibër/Општински Оперативен Штаб Оштина Дебар в Петък, 13 март 2020 г.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, додаде дека во текот на денот ќе пристигат две специјални екипи кои треба да ја отлискаат сосотојбата, а информираше и дека е формиран Оператвен штаб, во кој се претставници на сите надлежни институции.

Aksion ….falemnderit të gjithë atyre që bashkëpunojnë:- Myftinia Dibër- Disa afaristeve të veprimtarisë…

Публикувахте от Hekuran Duka в Четвъртък, 12 март 2020 г.

– Синоќа почнавме со дезнифекција на населбите во градот. Почнавме од населбата „Коњаре“ каде е жариштето на вирусот. Вечерва и следните денови ќе се продолжи и во другите населби и населени места. Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ веќе неколку дена врши миење на улиците во вечерните часови, а денеска врши дезинфекција на сите јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот, како и спортските игралишта и терени, нагласи Дука.

Публикувахте от Hekuran Duka в Петък, 13 март 2020 г.

Преземените активности од страна на општината ги оцени како максимални и се заблагодари до сите сопстевници на кафулиља, фризерски салони, интернет и други кои целосно прекинале со работа. Се заблагодари и на верниците во Дебар кои ја почитуваат препораката на дебарското муфтиството и молитвите ги вршат дома.

Публикувахте от Hekuran Duka в Петък, 13 март 2020 г.

– Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките, бидејќи најпрво треба да си помогнеме самите себеси со тоа што ќе избегнуваме групни собирања, домашни посети и слично. Препорачувам затворање на сите деловни објкети, освен маркетите за храна и аптеките, посочи Дука.

Претходна статијаСе зголемува бројката: Нови случаи со Корона во Македонија – кризна состојба во две општини
Следна статијаДокторот Ненад Лазаров: Кој сум ја бе луѓе па да ми претите и пцуете у инбокс