Докторот Ненад Лазаров: Кој сум ја бе луѓе па да ми претите и пцуете у инбокс

0

Докторот Ненад Лазаров кој е мошне актуелен на социјалните мрежи и денеска на својот профил на „Фејсбук“ излезе со неколку статуси.

Меѓу другото Лазаров беше гостин и на синоќеѓната дебата на ТВ 21, „Клик Плус“ каде што кажа дека не може да се очекува справување со коронавирусот во Европа и во Кина исто, смета д-р Ненад Лазаров.

„Не можете вие да очекувате исто како што се справува Кина, така да се справува и Европа. Не може, затоа што прво културолошки се различни“, изјави докторот.

Денес пак Лазаров со своите пријатели и следачи сподели дека добил непријатни пораки и закани

„Кој сум ја бе луѓе па да ми претите и пцуете у инбокс од лажни профили, и со што сум заслужил? Пуштете си малку музика, прочитајте нешто, ниту ја го донесов, ниту ја ќе го однесам од овде вирусот. Кој сака и го интересира, нека ме чита, кој не, блок и воздра.Крај краева,нормално е да не сака секој директни момци ко мене.“,

Кој сум ја бе луѓе па да ми претите и пцуете у инбокс од лажни профили, и со што сум заслужил?Пуштете си малку музика,…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Петък, 13 март 2020 г.

Потоа лекарот во свој друг пост даде совет

Не си дишете у врат на каса по маркети. Количка е подобра опција, со неа ќе имате каква-таква дистанца од луѓето.

Почекајте трпеливо плус една-две минути да заврши човекот пред вас на раат. Пазарувајте со список, ем ќе рационализирате, истовремено ќе скратите време на задржување во маркет. И не туку префаќајте леб, храна, воопшто производи. Со очи се гледа.

Не си дишете у врат на каса по маркети.Количка е подобра опција, со неа ќе имате каква-таква дистанца од…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Петък, 13 март 2020 г.

Четири нови случаи на корона вирус се потврдени кај лица од Дебар кои имале контакт со втората група на заболени, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Станува збор за луѓе на 55-56 годишна возрас. Поради ова, односно трансмисијатата од човек на човек, во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба. Во врска со првите двајца патци има 21 лице кое што е водомашна изолација.

Од втората група тоа се тие што контактирале со тројцата заболени од Дебар, се 24 лица, 10 од нив покажале симптоми и четворица ќе бидат хоспитализирани поради позитивни резулати, рече Филипче.

Претходна статија(ФОТО) Како е во кризниот регион: Дебар и преку ден и преку ноќ со посебни мерки
Следна статијаМНР испрати јасна порака до Македонците во Италија, Германија и Франција да го одложат доаѓањето во земјата