Откако денес се избрши тестови врз 12 лица – две лица кои пред 5-6 дена се вратиле од Италија, како и осум кои биле во контакт со брачниот пар од дебарско, познати се резултатите.
Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку моменти на прес-конференција се огласи и го отрки следново:
„Од денешните тестирања, имаме уште два позитивини случаи од Корона. Станува збор за лица кои се соседи на првите две заболени лица од Дебар“.
Па така со новите два случаи, денес бројката на заразени во Македонија се искачи на девет.
Во претходното денешно обраќање за медиумите, Филипче меѓу другото кажа:
Отсуството кон работодавецот, работникот се регулира со потврда издадена од градинка односно училиште, на име на родителот со назнака за времето во кое таа важи со цел да се оправда отсуството.
Во однос на прекинот на работа на дневните центри за згрижување лица со попреченост, сакам да укажам дека ослободувањето од работни активности на родителот на децата, односно лицата со попреченост е проширено и на овие деца односно лица. Тие се обично до 26 години. Значи важат и за родителите на лица и деца кои се сместени и користат услуги во центрите за попреченост. Исто како и за родителите на децата од градинка или од училиште, ќе треба да се даде потврда дека се корисници на таа услуга.
Здравство, армија, полиција, пожарна не можат да отсуствуваат од работа, освен ако двајцата родители не се во дејностите. тогаш дозволено е отсуство на едниот родител.
Значи доколку двајцата родители работат во рамки на ист сектор ќе треба едниот да биде ослободен од работа, и самохраните родители исто така, треба да се ослободени од работа. Се наметна прашањето дали овие мерки со оглед на тоа што се препораки освен за државни, важат и за приватните компании, напоменувам дека важат за сите заради тоа што ваква мерка е со цел да се заштити јавното здравје. Мора да важи за сите, непочитувањето ќе биде санкционирано и согласно членот 205 и 206 од Кривичниот законик за опасност од ширење на заразни болести.
Во секое време сме достапни за информации. Жал ми е што излегоа и бевме сведоци на некои лажни вести и шпекулирања. Сметам дека треба да се избегне тоа и да не се создава непотребна паника. Пред болестите сме сите исти и затоа сите носиме иста одговорност.
Апелирам сите да се придржуваат до мерките кои вчера ги препорачавме. Нашето здравје и неговата заштита останува наш највисок приоритет и интензивно работиме во изминатиот период. Уште еднаш ги повторувам мерките а тоа се задолжителна 14-дневна изолација доколку некој доаѓа од ризичните региони, одржување лична хигиена, често и темелно миење на рацете, дезинфекција на рацете.