(ФОТО) Жители од струмичко: За да стигнеме на работа или на училиште ќе треба да прелетуваме

0

Зачестија поплаките на граѓаните од Василево – неасфалтираните улици одново претставуваат проблем за граѓаните слободно да ги извршуваат секојдневните обврски, а проблем претставува и одењето на децата на училиште.

Во многубројните поплаки кои пристигнаа до нашата редакција, во повеќе наврати се спомнува дека проблемот е долгогодишен и ниту еднаш надлежните вистински не се зафатиле со негово решавање.

Дворовите на луѓето се полнат со нечистата вода, а отежнето е и минувањето на автомобилите.

Граѓаните уште еднаш испратија апел за разрешување на проблемот со цел подобрување на квалитетот на животот во општината.

„Важиме за една од поголемите и посредените општини во регионот, но изгледа ќе треба да прелетуваме за да стигнеме до најблиската продавница, а да не зборуваме за одење на работа или училиште. Ова е катастрофа, други зборови немам!“ – стои во реакцијата.

„21 век сме и е голема срамота. Такси превозниците не сакаат ниту да помислат да дојдат. Дупките се големи и проблемот е постојан!“ – стои во реакцијата на друга читателка.

Општина Василево како комуна за прв пат е формирана 1922 година. Со територијалната поделба 1954 – 1955 година комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна.

Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни. Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.

Претходна статијаДоктор специјалист за коронавирус со препорака до луѓето: Немаме лек, само вака ќе ја одбегнете инфекцијата
Следна статија(ВИДЕО) Елена Велевска – Ќе речат нескромно е, но навистина парира