(ВИДЕО) Елена Велевска – Ќе речат нескромно е, но навистина парира

0

Познатата фолкерката Елена Велевска деновиве го објави видеото за темата „Говорот на телото“ која според многумина е една од нејзините најубави песни во кариерата и токму поради тоа ова ремек-дело заслужуваше да биде екранизирано.

Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила.

На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. „Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација.

Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики…

Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција.

Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот, напиша познатата пејачка на својот профил на Фејсбук.

Претходна статија(ФОТО) Жители од струмичко: За да стигнеме на работа или на училиште ќе треба да прелетуваме
Следна статија(ВИДЕО) Во Австралија се гради најголемиот Македонски манастир