И после други ни се виновни: Четворица Ресенчани со јаболки извисиле Руси, Унгарци и Босанци за 55.000 евра

0

Четворица измамници од Ресен испорачале фактури до руска, унгарска и босанска фирма и присвоиле вкупна сума од 55.000 евра за јаболки кои никогаш не ги испорачале по што Јавното обвинителство од Битола отвори постапка кон истите и заработија притвор од 30 дена за секој од нив.

Од јануари до февруари годинава прокурист, управител и двајца надворешни соработници на претпријатието „Џим Бим 2019“ Дооел Ресен ги довеле во заблуда и оштетиле три правни лица од Русија, Унгарија и БИХ.

Контактирале преку Фејснук профилот „TopFruit Fruit“ а најмногу ја оштетиле фирмата „Пимента“ Москва со измама дека можат да и продадат 2 контејнери јаболка во количина од 44 тони од сортата „ајдаред“ по цена од 370 американски долари за тон.

Еден контејнер јаболка во количина од 22 тони од сортата „гренисмит“ по цена од 400 американски долари за тон и 7 контејнери јаболка од сортата „црвен делишес“ во количина од 154 тони по цена од 480 американски долари за тон во кои цени бил вклучен превоз до Солун, Р. Грција, и дека правното лице треба да уплати половина од вкупната вредност односно 49.170,00 долари на сметка на правното лице.

На оштетениот дури и му биле покажани јаболката во село Бистрица и во Ресен и на 19 февруари му доставиле профактура по што им биле исплатени 2.674.848,00 денари. На сличен начин го измамиле ”Fruit Country KFT” од Унгаријаза 7.095 евра и „Нерко Промет“ ДОО Хан Плоча, Општина Кисељак, БИХ за износ од 3.570,00 евра.

Обвинетите по пристигнување на парите од оштетените правни лица ги префрлале на своите трансакциски сметки и подигнале износ од 100.000 денари како материјални трошоци иако за таквите трансакции немало никаков правен основ.

Со тоа ја испразниле сметката на правното лице, а на оштетените правни лица не ги испорачале јаболката, ниту ги вратиле парите.

Претходна статијаПрофесор на УКИМ: Не сакам да видам на предавање ниту еден студент што кашла или кива
Следна статијаФилипче се огласи и ги откри новите мерки – вакво нешто не се памети во Македонија