Филипче се огласи и ги откри новите мерки – вакво нешто не се памети во Македонија

0

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека владата ги усвоила на седница препораките кои претходно ги даде Комисијата за заразни болести.

Да се прекине образовниот процес, градинките, основните и средните училишта во следните 14 денови; Да се ослободат вработените од работните обврски во овие институции; За еден родител до 10 годишна возраст на децата ќе се дозволи отсуство од работа кое ќе биде целосно платено во сите јавни и приватни институции;

Се забрануваат масови собири и настани во отворен и затворен простор со над 1.000 посетители на територијата на целата земја а се препорачува да се откажат или неорганизираат и настаните и под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена на територијата на целата држава; Се воведува задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од средно и високоризичните држави, изјави Филипче.

Министерот соопшти дека денеска нема нови регистрирани заболени а сите 7 досегашни пациенти се во добра состојба и болеста кај нив е манифестирана во лесна клиничка форма.

Нема потреба од механичка вентилација кај 6 од нив, 7-та, практично првата пациентка е целосно стаблизирана, денеска е вече испратен материјал и се чекаат резултатите до контролниот тест, првичниот беше негативен, рече Филипче.

Од утре па во следните 14 денови градинките, училиштата и факултетите нема да работат, а се забрануваат јавни собири и манифестации на отворен и затворен простор на кој се очекуваат повеќе од 1.000 лица, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, еден од родителите на децата до 10 години ќе биде ослободен од работа за да може да ги чува децата, а притоа отсуството од работа ќе му биде платено.

Во овој правец Филипче апелираше да се избегнува одење во игротеки или слични места каде што децата би биле во контакти со поголем број на други деца.

Претходна статијаИ после други ни се виновни: Четворица Ресенчани со јаболки извисиле Руси, Унгарци и Босанци за 55.000 евра
Следна статијаВо Турција нема ниту еден случај со Корона – нивниот министер објасни како тоа им успеало