Сашо Тасевски кажа зошто треба да се затворат училиштата и порача: Не ја правете истата грешка

0

Статус на Сашо Тасевски:

Затворајте училиштата одма. Не ја правете истата грешка “Мија не кревамо паника, оти Мија све знаемо.

Знаете зошто треба да ги затворите. Еве на пример, во школото кадешто одат моите деца, има родители на кои Италија им е омилена дестинација.

И си скијаа со дечињата во Италија зимава и си шетаа по Венеција, Фиренца и Рим, си јадеа таљатели алијас јуфки. Уствари веслаа низ Венеција, оти таму не можеш да шеташ многу. Некои беа пред само еден месец во Милано, правеа селфи со еКспресото на Дуомо.

Ама има родители и од други училишта кои си шетнале до Италија периодов.Затоа аман не се правете веќе ајнштајни за менаџмент, здравство и владеење. Ве видовме и сфативме од виденото какви лујки сте од доктори, директори до министри.

Затворајте училиштата одма. Не ја правете истата грешка "Мија не кревамо паника, оти Мија све знаемо.Знаете зошто треба…

Публикувахте от Sasho Tasevski в Вторник, 10 март 2020 г.

Паника почна да се шири меѓу родителите во училиштата. Дел од родителите по социјалните мрежи веќе бараат да прекине наставата во училиштата, и пишуваат пораки во стилот „ајде да си ги земеме децата од училиште“.

Некои родители утрово, откако ги однеле децата на училиште, наводно веќе тргнале да ги земат оттаму.

Тоа го мислат и некои од наставниците и професорите, кои упатуваат пораки до власта и до министерот за здравство Вднко Филипче, дека можеби е време да се затворат училиштата.

Паниката од коронавирусот во земјава дополнително се загреа откако се дозна дека директорката на Кожна клиника која работела таму, е позитивна на овој вирус.

Три деца од едно основно училиште, „Владо Тасевски“ во скопската населба Тафталиџе, општина Карпош, веќе се во самоизолација.

Претходна статијаВанковска: На дијаспората им велат – вие сте јаки само на социјални мрежи
Следна статија(ВИДЕО) Заев доби песна – се пееше во далечната Австралија: Пуста да ти биде