(ВИДЕО) Заев доби песна – се пееше во далечната Австралија: Пуста да ти биде

0

Веднаш по пристигнувањето во Австралија, Дарко Стојаноски и Спасен Силјаноски го посетија новото студио на ИН ТВ во Мелбурн. Тие меѓудругото ги најавија нивните осум концерти низ Австралија и ветуваат одлична забава со исклучиво македонска музика.

Дарко Стојаноски и Спасен Силјаноски, заедно со нивната екипа од Македонија пристигнаа во Австралија, каде што пред нив е големата Австралиска турнеја. Веднаш по пристигнувањето, тие беа во посета на новото студио на единствената македонска музичка телевизија во Австралија, ИН ТВ.

Дарко во интервјуто најави дека ќе се потрудат македонската песна да ја претстават во најдобро светло пред нашите иселеници.

-Ви благодарам за поканата да бидеме гости во студиото на ИН ТВ во Мелбурн, тука е прекрасно во студиото, воедно и во Австралија бидејќи сум за првпат морам тоа да го искажам дека се чувствувам многу добро, а ќе се потрудам уште подобро да ја претставам нашата песна од Македонија тука на нашите Македонци во најубаво светло.-истакна Дарко, по пристигувањето во Австралија.

Како што ве информиравме и претходно, на нивните концерти ќе се пее исклучиво македонска песна. Спасен ги поканува сите нашинци и помлади и повозрасни да ги посетат нивните македонски концерти и да се потсетат на нивните корени.

🇲🇰Сподели македонец🇲🇰

Кичево е расадник на вистински македонски пеачи!Покрај Лозано, Влатко, Дамјан, време е Спасен Силјаноски да го вивнеме до небото, каде одамна си го заслужува местото!Сподели ја оваа жива легенда!Благодарност до Exclusive entertainment https://www.facebook.com/112863070122719/posts/215895083152850/

Публикувахте от Струга Бојкотира с̶е̶в̶е̶р̶н̶а̶ в Понеделник, 9 март 2020 г.

Познатиот фолк изведувач Спасен Силјаноски моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, каде што одржува концерти пред нашите иселеници. Спасен на една од прославите низ Австралија, направи мала измена на текстот од песната ”Судбина тешка” па ги насмеа Македонците во Австралија откако во текстот го вметна и Зоран Заев.

Претходна статијаСашо Тасевски кажа зошто треба да се затворат училиштата и порача: Не ја правете истата грешка
Следна статијаКлуч на сите образовни институции – принуден распуст: Познато на колку време