Расте бројот на нови случаи од Корона во Македонија: Директорка на скопска клиника

0

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека има ново четврто лице кое е заразено од коронавирус во Македонија.

Поради непочитување на препораките наша колешка лекар која пред една недела допатувала од Италија е заразена со коронавирус, ова денеска на прес-конференција го потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека станува збор за директорката на клиниката за кожни болести.

-Практично таа по враќањето од Италија пет работни дена одела на работа, а земајќи го предвид овој факт исклучително внимателно пристапуваме кон мерките на клиниката за кожни болести, рече Филипче.

Министерот рече дека се прави проценка за сите кои контактирале со неа овие денови. Можно е одделот да биде целосно затворен.

Филипче кажа дека е многу разочарувачко тоа што не се почитуваат препраките за самоизолација од 14 дена по враќање од жариштата како што е северна Италија.

„Пациентката веќе е хоспитализирана во Инфективната клиника и е во стабилна состојба со лесна клиничка слика. Пациентката е целосно стабилизирана и направен е контролен тест, по што денес ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница“, рече Филипче.

Претходна статијаВажни информации од македонскиот конзулат во Венеција до сите наши граѓани
Следна статијаЏабе апели и се кога Филипче не го слушаат и неговите подредени