Многу се подготвував за овој ден. Мислата за да го направам ова ми се роди уште пред една година, кога ја запознав мојата љубовница.
Сега знам дека постапив многу непромислено и многу згрешив, но за жал, нема назад, џабе се покајав. Некои работи едноставно, не можат да се вратат назад.
И подготвив вечера, и купив голем буќет цвеќе, па дури и запалив свеќи. Сакав да ја понижам и не знам зошто се претворив во таков човек. Никогаш не сум бил лош човек, барем така отсекогаш сум сметал за себеси.
Таа многу се израдува кога ја виде така подготвена масата. Отворив и винце, нејзиното омилено. Ја фатив за рака и и’ реков: “Сакам развод”. Ги отвори ширум очите, ме гледаше втренчено, а потоа почна да се смее. Мислеше дека се шегувам.
Ама јас документите за развод ги имав спакувано со црвена машна и и’ ги дадов. Нормално, ме праша која е причината, не делуваше многу вознемирена.
Мојот одговор беше двосмислен, и тоа изгледа многу ја разлути. Ја скрши чинијата и почна да плаче: “Ти не си вистински маж!”
Цела вечер после тоа не разговаравме. Веројатно бараше слабост во нашиот брак, ама едноставно јас престанав да ја сакам, или барем, не ја сакав како порано.
Со чувство на вина и ги покажав документите за развод каде и ја оставам куќата, автомобилот и 30% од компанијата. Таа видно разбесната ги искина листовите.
Жената со која живеев 15 години постепено се менуваше. Жал ми е што потроши толку енергија и време во нашиот брак, ама не можев да премолчам и морав да и кажам дека моите чувства кон неа се изгасени. Почна горко да плаче, и сè беше јасно.
Кога следниот ден се вратив дома, таа седеше на масата и нешто пишуваше. Ја одминав и веднаш отидов во мојата соба и си легнав да спијам.
Следниот ден ми ги соопшти условите за развод: Не сакала ништо од мене, туку само да се потрудам само уште еден месец, да глумам колку што можам за да изгледаме како нормален пар.
Таа молеше да останеме навидум нормален пар, но само уште еден месец, а потоа безусловно ќе ми ја дала сета слобода.
Нормално, бев изненаден од нејзиното вакво барање, а таа ми објасни дека тоа го правела поради нашиот син. Го очекувале многу важни испити и не сакала да го вознемируваме со разводот.
Исто така, ми рече да се сетам на нашата венчавка и на моментот кога ја дигнав во раце за да ја пренесам во спалната соба. Од тој момент, ми рече, цел месец ќе треба на раце да ја носам во спалната соба и да ја легнувам на кревет.
Помислив дека дека сето тоа е шашаво, мислев дека станува збор за некаков каприц и дека на ваков начин сака да ме врати и предомисли.
Но, зошто да не, си помислив. Нема да морам да ја делам компанијата со неа и ќе ја задржам куќата.
Првиот ден бевме малку неспретни, а нашиот син ни аплаудираше и пееше: “тато ја носи мама во рацее”. Неговите зборови како да предизвикаа еден бран на болка во мене.
Ја носев до спалната соба преку прагот. Таа ќе ги затвореше очите и ќе ми речеше со тивок глас:
“Те молам, не му зборувај ништо на син ни за разводот”. Јас само потврдував со кимнување на главата.
Вториот ден малку се подобривме, ми беше во раце и можев да го почувствувам нејзиниот мирис на кошулата. Сфатив дека поминало многу време откако сум ја погледнал жена си.
Нејзиното лице имаше мали, ситни, нежни брчки, а косата полека и се претвораше во сребрена. Нашиот брак оставил траги врз неа. За момент се запрашав колку суров човек сум јас.
Кога третиот ден ја носев, почувствував како ми се враќа бран на интимност. Оваа жена издвоила 15 години од својот живот за да живее со мене.
Четвртиот и петтиот ден почувствував како овој бран на интимност се засилува, па се со поголема леснотија ја носев во спалната и притоа чувствував дека станува некако послаба и послаба.
Едно утро, наеднаш ми дојде мисла, дека најверојатно и таа чувствува исто толку болка и горчина кон мене. Без размислување ја погалив по косата. Во тој момент се појави нашиот син и рече:
“Тато, време е да ја носиш мама!”. Тоа некако стана вечерен ритуал да ја изнесувам жена ми во прегратки. Таа силно го гушна синот, а јас го свртев погледот на страна.
Потоа ја подигнав во раце, а таа ме опфати со рацете околу вратот. Ја држев цврсто, исто како денот кога се венчавме.
Еден ден, додека ја држев во прегратки, не можев веќе да издржам. Отидов во станот на мојата љубовница и и’ реков дека сè уште не сум подготвен да ја напуштам жена ми. Дека таа многу тагува откако и соопштив за разводот и дека многу е ослабена. Не можев да ја оставам во таква состојба, бидејќи се плашам за нејзиното здравје.
На враќање кон дома купив цвеќе за мојата сопруга и имав голема надеж дека ќе ми прости за направениот грев. Така насмеан и со цвеќе во рацете влегов во собата, но мојата драга жена не можеше да се разбуди од вечниот сон.
Подоцна дознав дека таа боледувала од рак, но јас толку сум бил обземен со мојата љубовница, што воопшто не сум забележал дека нешто се случува со неа.
Таа знаела дека наскоро ќе нè напушти, и сакала да го сочува нашиот однос и помеѓу мене и нашиот син единец. Во неговите очи јас бев најроматичниот маж кој некој може да си го замисли. Така ја изнесов од куќата, во раце, за последен пат… Мене, за целиот живот ќе остане да ме пече гревот сторен кон нејзе…
Извор: Редит
Обработи: И.П. Фото: Илустрација