Ме ишутира пред зграда по скали зошто му ја спомнав мамичка – мршшш едиповецу еден

0

Значи полошо од маж едиповец нема. Тоа се они кои не даваат збор да се каже за мама. Оние кои кога се во детска соба со женска, навечер мама ги проверува да не се отскриени, оние што на прв состанок ќе ти речат, личиш на мама…

Јас за моја несреќа се омажив за еден таков мама-тип. Ама од почеток за жал тоа не го гледаш и се зезнуваш. Бев вљубена до коска во него и не го сфаќав сериозно проблемот со мама.

А можеше да се насерти. Мене ми изгледаше чудно кога како дечко и девојка одевме на Водно и скроз горе Зоки ќе извадеше од ранец здиплена маичка и ќе ми речеше. Мама ми стаила маичка да се пресоблечам кога ќе се испотам. Ќе си извадеше и сендвиче, мама му спремила, водичка и се така.

Кога правевме свадба, исто таа беше во главна улога. Ваква да била музиката, онаква да била. Овој ваму ќе седи, тој таму. Како наредник некој се понашаше. Дури во еден момент фати и микрофон да пее. Се смееја пола гости од што фалшираше жената, ама тоа е, она пееше!

Но вистинските проблеми почнаа после две години, коа женава почна да го напиња син и, а тој мене да имаме деца. А убаво се имавме договорено, прво да прошетаме неколку години, па потоа деца. Ама овој почна секој ден да ми збори и да ме нервира.

Почна да ми ги крие таблетите и истовремено да досаѓа за онаа работа. Чекај бе дечко, неможе тебе ко ќе ти се кефне. Двајцата ние треба да одлучиме за таа работа, не твоја мама.

И тоа што го мислев јас и му го кажав. Па он ко ќе му ја спомнеш мама, да видиш како се нервира, се вцрвува цел, се накострешува како Џокси во косата, да се нашалам малку на цела мака.

При една таква кавга ми вели. Ти ќе раѓаш мори или не? Јас му велам да, кога ќе одлучиме за тоа. Тој ми враќа, па кога ќе одлучиме? Јас сум одлучен!

Па јас му велам, кога ќе одлучиме јас и ти заедно, а не мајка ти. Сега мајка ти има одлучено. Знам се, му реков. Ве слушав кога зборевте на телефон пред некој ден, знам дека таа те тера.

Тогаш мажево збесна. епа ако не раѓаш ај надвор. И почна да ме турка. Чекај бе добро, му велам, чекај да се соберам. Нема што да се собираш, јас ќе ти ги пуштам парталите по такси, ај мрш, ми вика и ме истурка надвор по скали. Среќа што успеав јакна да облечам.

Во тој момент наиде свекор ми, пошто они живеат на две улици од нас, тука во Геге, во куќа, а овој стан кај шо живееме е исто нивни. Што ти е, ме праша. Му викам вака и вака, син ти ме истера.

Ни да рече чекај, ајде со мене, ќе го искарам или нешто, си се качи по скали без збор. Ама го разбирам . јас него. И тој е згазен од мама, безгласна буква е сирот…

Тоа е. Он на мене мрш по скали. Епа мршшшш сега со мајка ти живеј си она нека ти раѓа глуп еден, или најди си некоја овца шо ќе може да ја командате со мама, јас не сум тоа.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статија(ФОТО) ТВ 24 на лице место сними како пристигаат миграни во Велес
Следна статијаЧулев јасно порача: Ќе ја затвориме границата