Сузана од Охрид: Тежок е тој живот, да кршете табуа во една средина како нашата

0

Сè повеќе жени во Северна Македонија успешно раководат со сопствени бизниси или пак се вклучуваат во политичкиот живот на државата, сакајки да направат нешто во општеството.

Сузана Наумоска од Охрид е сопственичка на бизнис уште од 1992 година, кога направила, како што вели, машки потег во тоа време, излегувајќи од државна здравствена институција и отворајќи козметичко студио и салон за убавина. Иако често се мисли дека жените, бизнис можат да градат надвор од брачните води, тоа за мене, вели, не беше случај.

„Во 90-те години беше по напорно, но беше голем предизвик. Јас велам дека човек постигнува онолку колку што очекува од самиот себе. Си поставувате граница и чекор по чекор одите“, вели Наумоска.

Во 2017 година Наумоска е прогласена за жена на 21 век на меѓународен настан во Белград. Креирала т.н етно масажа, која вклучува терапии со сено и трска од Охридското езеро.

Вели мажите доминираат, но токму сега жените треба да заземат поважно место. Држи и мотивациски говори на млади жени како тоа да го направат.

„Каде жени кои завршиле за инженери за машинска индустрија или електричари кои сакале да почнат сопствен бизнис, мажот им кажал не можете вие, има време за тоа. Тежок е тој живот, да кршете табуа во една средина како нашата и да се докажувате како жена и тоа треба да се смени“, вели Наумоска.

И Арта Зиба Османи веќе десет години успешно раководи со приватна аптека во Охрид. Вели водењето на сопствен бизнис бара многу посветеност, но оти денес работите одат кон подобро кога се во прашање жените.

„Не мислам дека полот е пресуден или е некаква предиспозиција за успешноста во бизнисот. Имам многу пријателки, колешки кои водат многу големи бизниси и се многу успешни во тоа, но сепак генералниот впечаток во општеството е дека мажите водат со светот и со бизнисот. Но веќе се поместија работите и границите и поинаку се гледа на некои работи“, вели Зиба Османи.

Но, во Македонија има и сè повеќе жени во политиката. Живкица Ангелоска која е претседател на Советот на општина Охрид вели да се биде жена политичар е голема храброст.

Целата сторија проследете ја на Гласто на Америка на македонски јазик

Претходна статија(ФОТО) Викендов Љупчо Николовски прави свадба – се жени со убавата Андријана
Следна статијаСе уште недостигаат учебници иако школската годиниа е при крај, а Адеми вели: Денес е емотивен ден