На социјалните мрежи се појавија обвинувања на сметка на првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов во кои се велеш:
Лабаво у Мадрид, после Реал-Барса текмата на пијачка со другарчето. Во локал во кој флаша вино ја плаќаш 500 евра и искачаш на цигара на врата и коментираш : -Овде е прекрасно, ова го нема во Скопје.
Епа го нема, тој што треба да донесе живот во Скопје го заболе цев. Си оди на утакмичиња, си тумара по локали и краде Богу дане. Шајка не закова….
Но кратко требаше за да се огласи градоначалникот на нашиот главен град и во своето обраќање, покрај пораката сподели и видео.
Ги слушам (читам) дпмнето. Шилегов шајка не заковал. Богами, така е. Јас шајки не ковам. Шајкарот чувајте си го во Вашите редови. Јас правам улици, мостови, паркови …Пластичарска …Loading …#Скопје#ЧекорПоЧекор
Публикувахте от Петре Шилегов в Четвъртък, 5 март 2020 г.
Ги слушам (читам) дпмнето. Шилегов шајка не заковал. Богами, така е. Јас шајки не ковам. Шајкарот чувајте си го во Вашите редови. Јас правам улици, мостови, паркови … Пластичарска …
Петре Шилегов македонски политичар и градоначалник на Град Скопје од 2017 година. Шилегов дипломирал на правниот факултет „Јустинијан I“ во 1995 година, и во два мандати бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
За време на градоначалничкиот мандат на Ристо Пенов, Шилегов бил член на управниот одбор на Комунална хигиена – Скопје. Во 2005 година бил дел од второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на Република Македонија.
Шилегов во јуни 2013 бил именуван за портпарол на СДСМ, а на парламентарните избори во 2014 станал пратеник како носител на листа во втората изборна единица. Вториот пратенички мандат го освоил на парламентарните избори во 2016 како носител на листа во шестата изборна единица.
На локалните избори во 2017 Шилегов станал градоначалник на Скопје по првиот изборен круг со освоени 141.164 гласови, односно 40 илјади повеќе од неговиот противкандидат Коце Трајановски. Пред да влезе во политиката, Шилегов работел во приватна адвокатска канцеларија како адвокат од областа на стопанското право. Тој е оженет и татко на две деца.