Македонците во Канада претставуваат една од најголемите групи на Македонската дијаспора. Според пописот на населението во Канада нивниот број изнесува 37.055, но според проценките на неколку организации Македонците во Канада бројат околу 200.000 луѓе. Најголемиот број од нив се сконцентрирани во Торонто (околу 40.000), но ги има и во други градови, како Отава, Монтреал, Винипег и други.
Американските Македонци се Американци со македонско етничко потекло. Нивниот број според последниот попис на населението брои околу 61.332, но според неофицијални проценки оваа бројка достигнува и до 200.000.
Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е во најголем број македонски и англиски и припаѓаат на православната вера.
За време на велигденските празници Сузана Гавазова заедно со Влатко и Златко Миладиноски заминува на голема турнеја низ Америка и Канада.
Нивните концерти започнуваат од 27-ми март , а турнејата ќе ја завршат на 20-ти април. Тие на оваа туренеја одат по барање и покана на нашите иселеници, кои и ден денес ја негуваат македонската музика.
Освен оваа турнеја, Гавазова ќе има настапи и во Австралија, Холандија, Германија, Швајцарија и низ цела Европа.
Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.
Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола.
Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.