Овие 4 работи во домот шират лоши енергетски вибрации поради кои сте нерасположени и тромави

0

Има работи во домот треба да ги промените или преиспитате, бидејќи негативно влијаат врз вас.

Домот е местото каде што се чувствуваме безбедно, кое делува врз нас смирувачки и ни влева сигурност. Но, понекогаш оваа оаза на удобност и релаксација, не може да нè регенерира од секојдневниот стрес и тоа поради некои мали, ситни грешки.

Тие одредени грешки ги правиме несвесно, а предизвикуваат пад на расположението и предизвикуваат ширење на лошите вибрации.

Сигурно, честопати кога ќе отидете кај некого на гости, се чувствувате многу добро и пријатно, а кај некој друг имате некое непријатно чувство и едвај чекате да си заминете дома. Во продолжение на текстот можете да прочитате кои би можеле да бидат причините за таквото расположение.

Повеќето луѓе ги сакаат цвеќињата бидејќи тие делуваат пријатно и смирувачки, го прочистуваат воздухот и некако ја живнуваат атмосферата. Истражувањата покажале дека ако ставиме цвеќе на празните места во станот, многу брзо ќе делуваат врз намалувањето на нашиот стрес. Така ќе бидеме посреќни.

Меѓутоа, штом цвеќето започне да свенува, веднаш фрлете го. Имено, освен чудниот мирис и тажниот изглед, свенатото цвеќе негативно делува врз расположението.

Втора работа која негативно делува, е секако нередот. Ако во домот работите ви се расфрлани на сите страни, тоа може да делува многу стресно и вознемирувачки.

Затоа е потребно редовно да чистите и да ги средувате просториите во кои престојувате. Покрај тоа, добро е да се ослободите од старите работи. Не само што ќе имате повеќе место, туку ќе се ослободите и од непотребниот терет. А сето тоа позитивно влијае врз расположението.

Третата работа која можеби несвесно ве брка од домот, тоа е бојата на ѕидовите. Боите влијаат врз расположението, а тоа се гледа веќе кај одбирањето на секојдневната облека која ја носиме. Од друга страна, бојата на ѕидовите не можеме туку-така да ја промениме.

Поради тоа, треба да се обрати внимание при изборот на вистинската боја во зависност од намената на просторијата. На пример, жолтата и розовата се одлични за добро расположение во дневната соба, додека за спална соба треба да изберете сина или зелена.

Црвената боја генерално спаѓа во “тешки” бои. Од една страна може да делува како декоративен украс, а од друга страна може да предизвика агресивно расположение. Доколку сепак не сакате да се откажете од бојата на љубовта и радоста, одберете некоја понежна нијанса.

Непријатната светлина исто така, може да биде причина за лошо расположение. Светлината може да има неверојатно влијание врз расположението во просторијата и нашето расположение воопшто.

Затоа, креирајте ја атмосферата, но не смее да биде претемно. Ако во просторијата имате едно слабо светло, нема да се чувствувате пријатно. Подобро е да имате повеќе извори на светлина (столни лампи, ѕидни…). На тој начин секогаш ќе имате одговарачка светлина за различни пригоди.

Претходна статијаВМРО-ДПМНЕ не ветува туку се обврзува – нема да има неасфалтиран регионален пат
Следна статијаПо два пати месечно доаѓаше од Минхен, но кога забременив ме тераше да се ,,чистам” и го снема