Чекај бе ,,Господине” – мислиш ли дека за една пица на ден ќе ги исполнувам твоите фантазии?

0

Во Скопје дојдов на студии пред шест години. Да добро прочитавте, еве веќе седма година кај шо терам со факултетот, тргни – застани. Можеби најголемата грешка во врска со тоа ми е што се вработив веднаш есента првата година кога стигнав тука.

Инаку потекнувам од Кратово, а моите се пристојно ситуарина, односно, комотно можеа да го поднесат товарот на моето школување. Ама мојот ум не викаше така. Отсекогаш сум сакала да бидам самостојна, па поради тоа веднаш се вработив во еден ресторан на кејот на Вардар.

Почнав да одам на предавања, ама не беше тоа тоа. Уморна од вечерта, јас сабајлето одвај гледав. Е сега, кога ќе дојдеа сесиите успевав да полагам по некој испит и еве ме, после шест години имам две третини завршен факултет.

Ама ќе го дозавршам, не го оставам тоа така. Паметна сум јас. Нема ниту да дозволам некој лесно да ме прелаже, натрудни и да треба да гледам деца уште сега, па да си баталам и факултет и сè.

Но друго ми беше муабетот, односно случката што сакав да ја раскажам. Ваму во ресторанов кај што работам сум добила мал милион понуди за врска, Со други зборови ми се пуштале многумина, бидејќи сум преатрактивна. Имав и повеќе дечковци овие години, ама ништо сериозно.

Е сега, пред неколку месеци се појави едно господинче во ресторан, така стегнат за свои години, постојано дотеран во одело, добра наочара, кондура, со еден збор тип-топ. Го служев и веднаш почна муабет со мене. И ме заинтересира, иако бајаги постар од мене.

Ми предложи да излеземе и јас незнам, онака како маѓепсана – прифатив. Следниот слободен ден што го имав излеговме. Ми се бендисаа неговите размислувања и муабети и се впуштив во врска со него.

Се наоѓаме во еден стан во центарот на Скопје, за кој тој вели дека е негов, ама ме чуди тоа што секогаш кога одиме таму е се средено. Нејсе. Ми рече дека бил оженет, ама не живеел со жена му, као пред развод биле, што мене искрено и не ме интересира бидејќи не ми е намера да го мажам.

Ми се чини дека има многу пари. И да не се разбереме погрешно, не сум јас за пари. Ама… Што ме револтира. Типот ми нема купено едно поклонче до сега. Постојано ми вели еве следниот викенд ќе одиме во Солун и никако тоа да се случи.

Јас сега повеќе време сум во станот, него во студентски кај што си имам соба со цимерката. Дури, почна да ме убедува да сум напуштела работа во ресторанов, тој ќе ми нашол пристојна работа. Ми вика немој да готвиш да се мачиш, што е и во ред. Јас не ни знам да готвам и скоро секој ден носат пица, дури и кога тој не е дома. Нарачува ваљда.

Ама еден ден си седнав така со пицата во рака и си размислив. Чекај бе господине. Ти имаш четириесет години, јас 25. Па ја сум ти премија тебе бе човеку. Те спобудалев начисто. Па една пица на ден ли чини моето исполнување на твоите фантазии за кои си мечтаел цел живот? До кога ти ќе ме лажеш мене, Солун молун…

На крај може да се случи некоја грешка, да заглавам со стариов и кога ќе се свртам позади шо ќе видам, празни ветувања, пици и моето конобарење на кеј. Ни факултет нио ништо. Уште тоа ми фали врсник на моите да им однесам у Кратово. Подитно ќе ја прекинам оваа врска!

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаПозната српска манекенка открива како ја третираат поради сомневање дека има Корона
Следна статијаНе ви требаат Германии, Америки, јас од стечаец станав газда – купив апартмани во Грчка