Какво време дојде во Македонија: Пензионерите ќе ја спасуваат работата

0

Пензионерите се спасот за текстилната и чевларската индустрија која очајно бара млади работни раце. Се поголемиот проблем , газдите ги принудува двапати да цедат масло од исто семе.

„Тие се компензација, затоа што немаше друг избор. Ова е фаќање за сламка, бидејќи секој работодавец би бил посреќен доколку има можност да ангажира млада работна сила, макар и изгубил соодветно време во негова обука, наместо да ангажира пензионери“, изјави Марјана Перковска – претседател на ТТК на РСМ

Од здружението на пензионери Штип ја поддржуват идејата и можноста заинтерсеринатите пензионери да го продолжат својт работен век.

„Идејата за повторен работен ангажман на пензионерите за нас како општински сојуз е добра, бидејќи, во нашите редови грото од пензионерките се некогашни текстилни работнички. Секако дека нивното искуство ќе е добродојдено за било која конфекција“, изјави Ристе Нетков – претседател на ОСП – Штип

Бидејки пензионерскиот ангажман не е иднината на текстилството , оваа гранка од државата бара помош за набавка на нова технолошка генрација машини која ке биде замена за работници.

„Или ќе се автоматизираме и ќе можеме со расположливата работна сила ќе обезбедиме поголема продуктивност, и да ги задржиме и обезбедиме нови купци, или во спротивно оваа индустрија ќе ја снема, значи, трето нема, појасни Марјана Перковска – претседател на ТТК на РСМ

Во моментов, нешто повеке од 1%, или околу 400 пензионирани работници се ангажирани интерветно во третата по ред извозно ориентирана стопанска гранка.

Претходна статијаМакедонскиот композитор Сашо се пожали на сивата економија во музиката: Треба итно да бидат тргнати
Следна статијаТони Науновски бара ДПМНЕ да го избрише ВМРО од името: Тоа се шпагети и манчмалоу војводи