Јана Стојановска: Мајка ми го чува внукот – јас и верувам, знам дека е невина

0

Актерката Јана Стојановска во естрадниот магазин „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста зборуваше за апсењето на мајка и Силвија Стојановска и истакна дека верува во невиноста на нејзиниот родител.

Убавата Јана која неодамна стана мајка и живее во Букурешт потенцираше дека е лута на дел од медиумите кои што веднаш ја осудија Силвија и кажа дека нејзината мајка во моментов се чувствува добро, иако е во домашен притвор и чува внук. Целиот разговор можете да го погледнете во видеото во продолжение:

Актерката Јана Стојановска, која последниве неколку месеци живее во Букурешт, со сопругот Андрија Бојиќ и со синот Ненад кој има пет месеци, деновиве е во Скопје. Јана вели дека нејзиниот син кој го носи името на покојниот татко, бардот на македонското глумиште, Ненад Стојановски и мајка ѝ, актерката Силвија Стојановска поминуваат квалитетно време заедно додека таа е во Скопје.

„ Силвија и Ненад се видоа за прв пат во Букурешт и тоа беше љубов на прв поглед. Имам сериозен проблем да го оставам , го носам секаде со мене , секаде каде што можам. Кога не можам, го чува баба му со неизмерна љубов. Искрено, иако бев противник на тоа да имам било каква помош додека е Ненад мал, мора да признаам дека тоа што можам да ја поделам љубовта со баба му и тетка му овде во Скопје е сериозно олеснителна околност.

Драго ми е што ќе расте со луѓе кои можат да му подарат богатство од различни аспекти на животот“, ни изјави Јана зборувајќи и за сестра ѝ, актерката Ана Стојановска.

Актерката во Романија се пресели поради ангажманите на сопругот кој игра за кошаркарскиот клуб „Волунтари“. Екслузивно за „Женски магазин“, во ноември, таа искрено раскажа низ што поминала изминативе месеци, откако го роди синот во седмиот месец од бременоста.

„ Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков:

„Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“, ни раскажа Јана. Сега, кога е сето тоа зад неа, и синот одлично напредува, Јана вели дека е среќна што во Скопје е со синот.

Претходна статијаЕкс претседателот Иванов од Австралија испрати силна порака за Македонците
Следна статијаЗаев експресно реагираше: Тоа е незаконски, веднаш мора да се корегира