Променети имињата на две познати училишта во Скопје: Добија албански имиња

0

Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите стоеја старите називи.

Министерот за образование Арбер Адеми на Фејсбук објави дека се променети имињата на две училишта во Чаир – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“. Адеми ги објави и документите од Централниот регистар.

Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите сè уште стоеја старите називи.

„Откако ги потпишав потребните документи, прашањето со имињата на на училиштата во Чаир конечно е затворено“, напиша Адеми на Фејсбук.

Централниот регистар ги смени имињата на двете училишта во Чаир кои со години се користeа како политичка тема. Сепак, останува нејасно како се дошло до тоа. Министерот за образование Арбер Адеми на фејсбук се пофали дека прашањето со имињата на училиштата е затворено.

Инаку, промената за Алсат ја потврди и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Сепак, не е познато дали овие одлуки поминале и во Советот на општина Чаир, каде траба да се гласа со Бадентерово мнозинство, односно за преименувањето требало да се изјаснат позитивно и најмалку половина од советниците кои не се Албанци.

„Се разбира по препораките од Министерството ние како општество сите процедури ги поминавме. Аплициравме повторно кај Централниот регистар, по периодот за разгледување на сите предмети конкретно и овие два, долг период беа на чекање таму, Централниот регистар и официјално нè извести дека се регистрирани со новите имиња на училиштата. Ние како општина сме многу радосни, бидејќи затвораме проблем кој постоеше долго време и нè засегаше дека треба да го решиме.“-изјави Висар Ганиу, Градоначалник на Чаир.

Претходна статијаСекоја вечер пред спиење земете чаша во рака: Текст кој ќе стане ваш прирачник за совладување на стресот
Следна статијаМарија, пријателката на Боки 13 сведочеше се каде патувале заедно и кој плаќал