Марија, пријателката на Боки 13 сведочеше се каде патувале заедно и кој плаќал

0

Во судница сведочеше и пријателката на Јовановски, Марија Јанковска. Таа истакна дека е сопственичка на оптика, па појаснуваше дека често пати му подарувала на Боки 13 очила за да ги рекламира.

Таа истакна дека на Јовановски и многу модни куќи му подарувале брендирана облека од новите колекции, споменувајќи ги брендовите “Валентино” и “Версаче”.

Таа појасни и дека често пати оделе заедно на одмор, потенцирајќи дека сама си ги плаќала трошоците.

-Сме биле во Франција, Италија, Грција. Јас сум правела друштво, а Бојан имаше контакти и средби со менаџерите од модниот свет. Тие брендови знаат да подарат некои работи на познати личности, инфлуенсери. Се случувало и на Боки да му подарат”, рече Јанковска.

Александар Кртов, сопственик на галерија сведочеше на денешното рочиште за случајот “Рекет”, на барање на обвинетиот Бојан Јовановски.

Тој појасни дека кога Јовановски го уредувал својот дом во Орман, му дал осум уметнички дела, за да стојат кај него неколку месеци, за да како што рече, за реклама, бидејќи Боки 13 бил позната скопска фаца.

-Не сме склучиле договор, но имам реверс дека сум му дал уметнички дела на Јовановски. Тоа е пракса на секоја галерија, се обидуваме на секој начин да се испромовирале. Ги даваме на одреден период и тоа најчесто биле оригинални уметнички дела. На Јовановски му имам дадено пет слики од Личеноски, една од Мартиновски… рече Кртов.

Јовче Ременски, сопругот на пратеничката Фросина Ременски, нема да сведочи на судењето за случајот “Рекет”, бидејќи адвокатот Сашко Дуковски го повлече предлогот за сведочење на овој сведок.

Во судница нема да се појави ниту бизнисменот Владимир Тодоровиќ, како и Дејан Панделевски, бидејќи адвокатот на Бојан Јовановски ги повлече и овие сведоци.

Денеска во судница ќе сведочи Сергеј Варошлија кој беше вработен во веќе згаснатата 1ТВ.

Претходна статијаПроменети имињата на две познати училишта во Скопје: Добија албански имиња
Следна статијаСергеј Варошлија сведочеше за својот другар Боки 13: Ја спомна и неговата баба Евгенија