Стресот, грижите, нервозата – сето тоа заедно влијае врз нормалното функционирање, здравјето, расположението… Не е лесно да се избрите во секојдневицата, но постојат механизми и совети кои можат да ни помогнат на полесен начин да ги совладаме и да се избориме со проблемите кои ни го загорчуваат животот.
Оваа приказна е најкраткиот можен рецепт за совладување на напнатоста. Добро запамтете ги овие зборови! Бидејќи, кога ќе ги освестите во главата неколкупати, ќе разберете зошто сите тие грижи и нервози ви одмагаат во животот и ви го нарушуваат здравјето.
Еден психолог им го одржал на своите студенти следното предавање:
“Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки кои ни помагаат да растеме и кои подоцна нè дефинираат како личност. Но, кога стресот ќе се вовлече, тој може да ги направи работите невозможни. Може дури да нè парализира и да нè спречи да ги завршиме работите кои мора да се сработат.”
Потоа претурил вода од бокалот во чашата пред него, па ги прашал своите студенти:
“Колку е тешка оваа чаша вода?”
Студентите давале различни одговори:
“Двесте милилитри” рекла една студентка, а потоа се нижеле одговори: “Триста милилитри, пет децилитри”.
Професорот на тоа им одговори:
“Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна.” Потоа замолил еден од студентите да се пријави како доброволец и да ја подигне чашата за да каже колку таа е тешка.
Се пријавиле многумина, но професорот одбрал еден од нив. Тој со задоволство ја подигнал чашата со вода и извикал:
“Воопшто не е тешка професоре!”
Професорот задоволно потврдил со главата. Му рекол на студентот да не ја спушта чашата дуку да продолжи да ја држи подигната.
Студентот го послушал и насмеано ја држел чашата. Минувале минути, а професорот сè уште не му дозволувал на студентот да ја спушти чашата.
Кога изминале 10-15 минути, студентот прашал дали сега може да ја спушти чашата, но професорот не му дозволил. Кога изминало половина час веќе раката започнала видно да му трепери и тој се пожалил дека чашата му била многу тешка и дека веќе не можел да ја држи. На тоа сите студенти започнале да се смеат.
Професот станал, го ослободил студентот од обврската и ги смирил студентите, па им се обратил:
“Ви реков дека апсолутната тежина на чашата не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ќе ја држите во раката.
Ако ја држите една минута, нема ништо да се случи. Ако ја држите еден час, ќе почне да ве боли аката. А доколку ја држите цел ден, тогаш раката ќе почне да ви трпне и ќе ги откаже функциите.
Значи, тежината на чашата воопшто не се променила, но колку подолго ја држите, таа станува потешка. Дали драги мои студенти ја научивте денешната лекција?
Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша. Ако мислите на нив некое време, тогаш тоа не е проблем. Ако мислите на нив малку подолго време, тогаш започнува да боли.
Ако мислите на нив, вие ќе бидете онеспособени да правите било што друго. Запамтете: “Спуштете ја чашата”.