Италија воведе строги мерки поради ширењето на епидемијата на коронавирусот ковид-19. „Црвените“ градови се под будно око на полицијата, карабиниерите, дури и на војската, што во Италија се глетки кои можеле да се видат во далечните 70-ти години, за време на црвениот и црниот терор на таканаречените „Оловни години“.
Економските активности на земјата со 140 отсто долг на БДП вртоглаво паѓаат и ситуацијата не се смирува.
Џовани Мага, директор на Институтот за молекуларна генетика при Националното истражувачко собрание во Павија, го коментирал за агенцијата АГИ најголемото истражување спроведено ви Кина на новиот коронавирус.
– Првата голема клиничка студија која се однесува на морбидитетот, значи релативниот интензитет на симптомите и леталноста на вирусот, ја потврдува сликата која е веќе дефинирана во последните седмици и сме соочени со инфекција која во 80 отсто од случаите предизвикува благи симптоми, а околу 95 отсто од луѓето закрепнуваат без сериозни компликации – рекол доктор Џовани Мага
„Податоците ни зборуваат дека само ограничен број на луѓе може да имаат последици, посебно ако зборуваме за постари лица или за оние со здравствени проблеми, како што се хроничните кардиоваскуларни болести“, објаснува Мага.
– Наизглед високата см ртност во провинцијата Хубеи, особено во градот Вухан, веројатно зависи од тешкотиите, особено во раните фази на епидемијата, во пружањето на правовремена и адекватна помош на сите случаи што се пријавени – продолжува лекарот со кој разговарала агенцијата АГИ.
Вирологот го заклучува својот коментар така што ја намалува опасноста од вирусот.
– Од друга страна, како што е случајот со другите покраини, управувањето со посериозните случаи овозможило намалување на стапката на смртност на ниво од 0,1 до 0,3 отсто, потврдувајќи повторно дека тоа е заразна болест која може да даде сериозни последици, но само кај одредена група на луѓе, додека огромен процент на луѓе не доживуваат никаква сериозна патологија и со самото тоа доаѓа до излекување – заклучил Џовани Мага.
Јавноста се обидува да ја смири и примариус Мариа Рита Хисмондо, директорка на одделението за микробиологија, вирологија и дијагностика на биолошката состојба во референтниот центар за заразни болести во Ломбардија.
На својот профил на Фејсбук напишала:
„Мојата утринска белешка. Нашата лабораторија веќе цела вечер вади тестови. Примероци доаѓаат постојано. Мене сето ова ми личи на лудило. Заменија инфекција нешто посериозна од грип со см ртоносна пандемија. Не е баш така. Погледнете ги броевите. Ова лудило многу ќе боли, посебно од економско гледиште. Моите ангели се исцрпени. Трчам да им однесам појадок. Мојата недела ќе мине во болница. Ве молам, намалете го тонот. Нека ви е радосна неделава“.
По еден час, главната докторка на споменатото одделение објавила друг пост, со подеднакво силен апел, за да се избегне непотребен алармизам.
„Читајте! Не е пандемија! Во минатата недела см ртноста од грипот во Италија беше 217 умре ни дневно. Од коронавирус е 1“, напишала Мариа Рита Хисмондо.