Шерон Томпсон својот партнер Дарен Рова го запознала со посредство на нејзиниот брат.
Нивната средба се случила во август минатата година и иако таа веќе зад себе имала еден брак и деца од него, сепак се впуштила во љубовна врска, која за краток временски период многу брзо се развивала, а таа била сигурна дека конечно го пронашла човекот на својот живот.
Откако станале неразделни, таа му предложила да се пресели кај неа и заедно да почнат нов живот. Набргу потоа Шерон останала бремена, а кога била во осмиот месец од бременоста, тогаш првпат ѝ се случило на вратата да ѝ тропне непознат маж. Кога таа му отворила, тој без да изусти збор, неколкупати погледнал во нејзиниот стомак и си заминал.
Тогаш Шерон воопшто не ѝ придала посебна важност на ваквата средба со непознатиот маж.
Неколку недели откако се породила, на вратата од нејзиниот дом почнале да доаѓаат и по десетина мажи во текот на денот. Еден ден дошле 13 мажи, но веднаш штом ќе ја погледнеле или ќе слушнале дека внатре плаче бебе, во истиот миг се свртувале и си заминувале, без притоа некој да сака да ѝ објасни што навистина се случува и зошто толку многу непознати мажи секој ден доаѓаат и ѝ тропаат на врата.
На крај успеала да убеди еден од нејзините „посетители“ да седне и да ѝ раскаже што навистина се случува. Тогаш тој ѝ открил дека нејзиното име и слика заедно со адресата, ги видел на еден од сајтовите за возрасни, на кој меѓу другото пишувало и дека таа дава сек уални услуги.
– Додека го слушав, буквално се скаменив. Веднаш ѝ телефонирав на полицијата, а тие ме посоветуваа веднаш да ја заклучам вратата и да останам дома додека да дојдат – раскажала Шерон.
Почнала да добива непристојни предлози на социјалните мрежи Во наредните неколку месеци таа почнала да добива и многубројни пораки со недолична содржина на социјалните мрежи.
– Плачев секој ден. Бев очајна и сè што сакав да знам е што навистина се случува. Најмногу се плашев за безбедноста на моите деца – рекла жената, која притоа напоменала дека нејзиниот партнер постојано бил покрај неа во овие тешки денови и постојано ја тешел и ѝ покажувал колку всушност ја поддржува во секоја одлука.
Откако полицијата неколку месеци го истражувала случајот, дошле дома кај Шерон и ѝ кажале неверојатно вести.
– Полицаецот се загледа во Дарен и покажувајќи кон него, објасни дека цело ова време, токму тој стоел зад сите овие настани. Тогаш се свртев кон него и навистина посакував да одрекува, а тој молчеше. Паднав на подот и почнав хистерично да плачам – продолжила да раскажува Шерон.
На крај се покажало дека Дарен низ целата нејзина куќа инсталирал камери, кои ја снимале цело време и во сите соби, вклучувајќи ја тука и бањата, а сите содржини биле пласирани на страница за возрасни.
Покрај овие докази, полицијата во неговиот автомобил нашла уште и 6 телефони. По долг судски процес, Дарен Рова бил осуден на двегодишна казна затвор.