Пристигнаа резултатите од тестираните за Корона – познато дали има нови случаи во Македонија

0

Тестот за коронавирус кај возачот на комбето кое ги превезувал патниците од Италија е негативен. Тoј иако ја возел единствената заразена со вирусот не е заболен. Од утрово беше тестирана уште една жена која се пожалила на симптомите кои алудираат на вирусот.

Таа допатувала од Италија во земјава пред три дена но со индивидуално возило заедно со роднина но само таа се пожалила на респираторни потешкотии во клиниката за инфективни болести. Тестот е негативен но таа како и останатите 12 пациенти кои биле во контакт со пациентката ќе бидат во домашна изолација.

„Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Веќе втор ден нема температура, претпоставувам дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето. Негативен е резултатот на возачот, којшто го управувал комбето, во кое патувала пациентката којашто се лечи на инфективната клиника.

Поради секоја можна варијанта тој и понатаму ќе остане во домашна изолација, во текот на следните денови, се до четиринаесеттиот ден, кога завршува периодот на инкубација, а потоа лекарите специјалисти, инфектолози, епидемиолози ќе одлучат дали и повторно ќе се тестира“, изјави Филипче

Филипче утрово разговарал со конзулот во Италија кој го информирал дека нема регистрирано заболени наши државјани ниту дека некој се наоѓа во карантин.

Министерот го повтори апелот до сите граѓани кои допатувале во земјава или пак биле во некаква комуникација со лица од кризните подрачја каде владее коронавирусот, доколку почувствуваат некакви симптови да се јават во некој од подрачните центри за јавно здравје. Апелот важи и за сите оние кои треба да одоговорат на прашалникот при влез во државата да даваат релевантни податоци. Оние граѓани пак кои се веќе во изолација да не креваат паника бидејќи тоа е добро за нив, нивните најблиски и целото општество.

Триесет и шест годишниот Виничанец и неговата партнерка со хрватско државјанство кои вчера доцна попладнето избегаа од штипското Инфективно одделение додека се вршело анализа дали мажот има позитивен или негативен тест на корона вирус денеска по препорака на санитарниот инспектор ќе бидат пуштени на домашно лекување, бидејќи тестот покажал дека не е заразен од овој вирус, објави денеска на прес-конференција директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека вчера околу 14 часот на Инфективното одделение со возило на Итната медицинска помош во придружба на епидемиолог од Виница пристигнале виничанецот и неговата партнерка, кој претходно се пожалил на покачена температура. На инфективното одделение биле сместени во соба на првиот кат на Инфективното одделение, каде што има посебен влез и излез.

-Околу 14 и 30 часот земени му се резултатити за испитување има позитивна епидемиолошка анкета бил во Северниот дел на Италија и додека се чекаат резултатите од земените материјали пациентот заедно со неговата партнерка своеволно го напуштил Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Претходна статијаДоколку сака да победи – Мицкоски не треба да ги става овие луѓе на пратенички листи
Следна статијаАвстрија веќе најави – ќе ги затвори ли Европа своите граници по најавата на Ердоган