Моментално најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ наскоро најави дека ќе ја посети нашата држава Македонија.
Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.
Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“. На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако.
Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот. Така, по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, тој ја забавувал публиката, имитирајќи ги Рафаел Надал и Марија Шарапова.
Подоцна, тој направил и имитација на тенискиот великан Џон Мекинро, на УС Опен во 2009 година, кога одиграл краток натпревар со Мекинро, на големо задоволството на публиката. Поради неговиот добродушен карактер, тој го заработил прекарот „Џокер“, врз основа на неговото презиме и зборот „шегаџија“ (Joker).
Многу оскаровски приказни, но и приказни од нивните патувања низ светот, раскажаа Тамара Котеска и Фејми Даут, креаторите на „Медена земја“ во Еден на Еден, а ќе ги гледаме во недела во 18.30 на Канал 5. Интересно е што во истата емисија имаме и специјално интервју со Новак Ѓоковиќ за Еден на Еден.
Би сакал наскоро да дојдам во Македонија. Многу слушав за Скопје и за Охрид од моите родители“, порача тенискиот Ас.
Ноле зборуваше за подготовката за Олимпијадата во Токио, за делот кога ќе го понесат емоциите и лутината и му се случува да скрши рекет и да опцуе, и на други интересни теми.