Вечерва во салата А1 под мотото „Нема правда има Бубамара“ се одржува 23-тото издание на долгоочекуваната манифестација Златна Бубамара на популарноста.
Најголемо благодарам за сите што веруваат во мене. Овие две награди немаше да бидат возможни без вашата несебична поддршка. Да се сакаме и да си се гордееме сите. Ве сакам, напиша Тамара на Инстаграм.
Во тек е вечер која ќе се памети, вечер кога кога ќе бидат доделени многу награди, многу Бубамари, а една од наградите кои се доделија на манифестација падна токму во рацете на Тамара Тодевска.
Имено, таа годинава се закити не со една, туку со две Бубамари, една за хит на годината и една за пејачка на годината.
Во говорот кој Тамара го одржа не го заборави случувањето кога изостави дел од македонската химна, поточно на прославата на Дeнот на нeзaвиcностa на САД во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска во нејзина верзија ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.
Тогаш ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а вечерва за сето тоа јавно се извини и бескрајно му се заблагодари на својот сопруг, за кој кажа дека во целиот тој период токму тој и бил најголемата поддршка и најголемата жртва паднала токму на него, не ги заборави ниту нејзините најблиски, а најмногу и се заблагодари на публиката која беше со неа и кога беше на самиот врв, но и кога ја направи лошата грешка.
Откако ја испеа евровизиската песна, публиката стана на нозе и ја поздрави со аплауз и силни овации. Тамара не можеше да ги сокрие емоциите па се расплака пред публиката што овојпат и даде подршка.
Во тек е „Златна Бубамара“, а на истата пејачката Тамара е во присуство на својата мајка Бранка и ќерка Хана.