Нека не ве манипулираат околу коронавирусот: Се огласи познатиот доктор од Србија и ги открива причините

0

Коронавирусот неизбежно ќе зафати некаде помеѓу 40 и 70% од светската популација – твдат научниците од Харвард, но нас не смируваат и ни велат да не дигаме паника, бидејќи најголемиот дел од заразените ќе поминат без било какви последици.

Од друга страна, еден од најпознатите српски пулмолози професорот Бранимир Несторовиќ од Тиршовата клиниката, ја открива вистината за вирусот поради кој веќе со седмици трепери целата планета. Тој ги разјаснува заблудите кои се поврзани со коронавирусот.

Според неговите зборови, коронавирусот не е примарно респираторен, туку цревен вирус, значи примарно предизвикува пролив.

Повеќето луѓе мислат дека коронавирусот исклучително се пренесува со кивање и кашлање, а доволно е на пример, да ви заврши на рацете, па вие да си ги протриете очите или да се допрете до устата – тој е веќе во вашиот организам.

Тој е примарно цревен вирус, а не респираторен – вели тој. Несторовиќ објаснува дека не постои вистинска превенција.

“Препорачувам миење на рацет со сапун, ал*охолни марамчиња или спрејови за дезинфекција. Носење маски е исто така во ред, но, повторувам, овој вирус е интересен, бидејќи релативно слабо се пренесува преку кивање и кашлање, а најмногу преку раце – додава проф. Несторовиќ.

Како што вели професорот, коронавирусот има клиничка слика на типичен грип. Генерално, нагласува, не му е претерано јасно зошто сите толку многу се возбудиле.

-На официјалниот сајт на кинеската агенција за борба против инфективната болест CCDC секој ден објавуваат извештаи од бројот на заболените, како и тоа, колку од нив завршиле фатално. Кај децата е под 0,2 %, жени има многу малку, а најмногу страдаат старите мажи од 60 години па нагоре – ризикот се зголемува. Загрозени се и хронично болните луѓе. Тоа е официјалната кинеска статистика и нивните податоци – истакнува Несторовиќ.

Епидемиологот Марк Липстиќ од Харвард предвидува дека од коронавирусот до крајот на годината ќе бидат заразени од 40 до 70% од светската популација. Но, овие прогнози како што напоменува тој, не треба да предизвикаат паника, бидејќи повеќето од нив дури и нема да ги имаат симптомите, како што е случај кај многумина кои се позитивни на тестирањето на KOVID-19.

Од друга страна, токму асимптоматичноста ќе го направи овој вирус незапирлив.

СИМПТОМИ: висока температура, кашлица, скратен здив, потешкотии во дишењето

ПРЕВЕНТИВА: често миење на рацете со сапун или гел за дезинфекција, одбегнување на масовни собирања, одбегнување на близок контакт со луѓе кои дошле од странство, да не се допираат очите, носот и устата со валкани раце, да кивате и кашлате во марамче или во превојот на лактот, никако во дланката!, носете заштитна маска.

ПЕРИОД НА ИНКУБАЦИЈА: вообичаено 2-14 дена, можно е и до 27 дена

НАЈГОЛЕМ РИЗИК: пациенти со кардиоваскуларни заболувања, дијабетичари, хронична респираторна болест, хипертензија.

Претходна статијаЛенче Георгиева: Во Пјанченца сум и не би се вратила во МК – не сакам да загрозам други
Следна статија(ФОТО) Даниел Кајмакоски објави фотографија со емотивен коментар: Моментите што се паметат засекогаш