За Македонците кои имаат бугарски или друг пасош нема грижа по новата одлука на нашето МВР

0

Граѓаните кои имаат патни документи од други држави, може да патуваат и да излегуваат од државата со тие пасоши, ова е содржината на телеграмата која од МВР ја испратиле до граничните премини за да се олесни справувањето со пасошката криза.Инаку сите гражани со двојно државјанство за излез од државата мора да го покажат македонскиот пасош.

Како што е познато, голем број на Македонци поседуваат пред се бугарски пасоши, па за нив нема да има проблеми.

Комисијата на МВР која одлучува за барањата за пасош во петок одлучиле да дозволат издавање на пасоши на 231 граѓани, додека одбиле 142 барања на граѓани за издавање на пасоши.

Најголем дел од барањата се однесуваат на здравствени причини, додека помал дел одобрени пасоши се поради неодложни бизнис обврски, информираат за Телма од МВР.

Откако изби пасошката криза, министерот Чулев одлучи преку комисија на МВР во која ќе има и лекар да одлучува кој треба попрво да добие пасош. Граѓаните првин се пријавуваат во управните оддленија по градовите, а комисијата наредниот ден одлучува кој треба да добие. Во оваа постапка нема предвидена можност за жалба на одбиените.

Во моментот останати се уште 3.146 обрасци за патни исправи, а до сега аплицирале над 16 илјади граѓани. Комисијата на МВР ќе има состанок и денеска за барањата кои се доставени преку викендот и денеска.

Кризата со пасошите нема да заврши на денот кога ќе пристигнат 100 илјади примероци од Германија. Списокот на чекање од над 20.000 граѓани ќе претставува нов предизвик за добивање на овие патни исправи. Овој список се очекува да расте и во наредниот месец, додека резервите се при крај. Граѓаните веќе немаат трпение. Некои велат дека покрај приоритетните случаи, тие имаат и финансиска штета.

Ова машина во Секторот за полициска администрација има капацитет да обработува околу 3.000 примероци на ден. Но, невозможно е толкав број на пасоши да бидаат распределени за еден ден, бидејќи само во Секторот за внатрешни работи во Скопје може да бидат распределени 700 пасоши во еден ден.

Човечкиот капацитет на државните службеници е уште помал во другите градови. Но, заменик министерот Нухиу рече дека ова би можело да се реши за неколку дена.

Претходна статијаПочнав да работам како наставничка во школо – знам дека сум атрактивна и дека сите ,,буљаат” во мене
Следна статијаТригодишната Јасна не пропушта литургија: Ние живееме скромно, му се молиме на Господ и постиме