Почнав да работам како наставничка во школо – знам дека сум атрактивна и дека сите ,,буљаат” во мене

0

Математиката ме интересирала од најмали нозе. Уште од дете, пред да тргнам на училиште, јас знаев да собирам и одземам, но и некои не толку сложени операции со множење и делење, најпрво на едноцифрени броеви.

Едноставно, како да сум роден математичар. Подоцна во текот на основното и средното образование, тоа се покажа дека навистина бил голем талент. Учествував на натпревари и бев една до најдобрите во градот и државата.

Следствено на тоа, логично беше да запишам математика за студирање. Факултетот го завршив во рекордно време. Јас ја имав таа среќа, многу скоро по завршувањето на студиите, да се вработам во едно средно училиште.

Сега да бидам искрена, не сум вработена за стално, туку сум по договор. Но се надевам дека директорот ќе го препознае мојот квалитет и ќе побара средстава од општината за да ме вработи за стално.

Е сега, друго ми е поентата. Јас сум свесна дека сум млада и многу атрактивна. Знам дека кога поминувам, сите ,,буљаат” во мене, очи им паѓаат што би се рекло и да бидам искрена, тоа ми годи. Па имам само 26 години. Дечкото засега не се лути, мислам дека и него му годи што има убава девојка.

Но не можам да се изначудам на колешките од работа. Ќе пукнат од љубомора, што колегите се врткаат околу мене, ми варат кафе, сакаат да прават муабет со мене. Ги гледам како се групираат во наставничка канцеларија по две-три и ме оговараат. По погледите им се познава тоа.

Незнам инаку како е можно ниту една од нив да не рекла едно кафе да испиеме заедно, а работам сонив веќе преку три месеци. Дури една ми забележа дека сум носела прекратки сукњичиња, било невкусно!

Но јас точно ја знам мерката и нема да си дозволам никогаш да испровоцирам некого со мојоит изглед, најмалку па ученик. Тоа едноставно ми е јасно како бел ден дека не смее да се случи.

Имав и една интересна ситуација со родител. Јас сеуште не сум класна, но доаѓаат родители кај мене на консултации за децата кои имаат послаби оценки по математика. А математиката е таков предмет што едноставно и да сакаш, не можеш да му помогнеш, да му прогледаш низ прсти на некој што не знае.

Може само доколку има желба да му се помогне со давање часови. И секако ќе научи, бидејќи математиката е логична работа.

Е сега што се случи. Влегува родител, маж отприлика на педесеттина години спремен да се расправа зошто детето имало тројка, а сите останати оценки му биле петки. Но само што ме виде како да се сепна и подзастана.

Од намуртена, ,,фацата” почна да му добива попријателска физиономија и културно ме преша зошто детето има тројка и како тоа да се поправи. Дури му објаснував, ,,чичето” ме меркаше од глава до петици.

Најпосле ми се испофали дека имал приватна фирма, со петнаесет вработени и доколку сум сакала сме можеле некогаш да одиме на ручек, тој со жена му, а јас со мојот придружник доколку сум го имала. Или сме можеле и сами!

Најпрво го изигнорирав тој муабет, но за да не си ,,спие” човекот во лажна надеж, му одговорив дека јас сум овде професионалец и во мојата морална етика не доаѓаат во предвид приватни средби со ученици или родители на ученици.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаМакедонката Милена од Новара: Вакво нешто до сега не паметам, во план сме да си одиме за Македонија
Следна статијаЗа Македонците кои имаат бугарски или друг пасош нема грижа по новата одлука на нашето МВР