Каде им е само паметот: На жители од Дулица во изворот со вода некој им истура прегорено масло, им го сечи цревото и им става бетон

0

Две семејства од селото Дулица во Македонска Каменица неколку години живеат во страв откако засега непознат сторител за полицијата на двапати во планинскиот извор од кој се снабдуваат со вода им истура прегорено масло, постојано им го сечи цревото и им става бетон.

Бранко Гоцевски вели дека постои опасност да му угинат над 50 те крави и стоте овци, коишто се и единствен извор за егзистенција на семејството. И по неколку месеци трагите од маслото тешко се отстрануваат од изворот.

Гоцевски случајот го пријавил во полиција, но засега сторителот не е откриен.Ова е еден од примерите, колку селските водоводи се безбедни, кои не се под ингеренции на општините.

Поголемиот дел од селата на истокот, кои во минатото сами си ги изградиле водоводите сега недозволуваат комуналните претпријатија да управуваат со нив, од причина што треба да плаќаат сметки.

Селата во Македонска Каменица се покриени со приватни селски водоводи. Градоначалничката, Соња Стаменковска грижејќи се за здравјето на населението набавила 10 автоматски хлорни прочистувачи, од кои шест се инсталирани, а во четири села има отпор, иако поставувањето и користењето е бесплатно.

Истражувањето на Институтот за јавне здравје говори дека околу 40% од селата во земјава немаат безбедна вода за пиење. Со овој проблем се соочуваат селата каде нема водовод и каде граѓаните сами обезбедуваат вода преку бунари или локални каптажи.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на Телма тв.

Претходна статијаМицкоски се обрати до Македонците кои живеат надвор од земјата и упати силна порака
Следна статијаВухан 400 е можно да го збрише човештвото – роман напишан пред 40 години го предвидел Корона