Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е роден Скопјанец, Карпошанец, градско дете што би рекле Скопјани. Христијан е професор на Машинскиот факултет и лидер на најголемата партија во нашата држава, ВМРО-ДПМНЕ. Анкетите покажуваат дека Мицкоски има реални шанси за победа на следните избори.
Сопруга на најверојатно идниот Премиер на Македонија е Рози Мицкоска, која по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.
Таа е родена струмичанка, а во Скопје живее од 1996 година кога дошла и се запишала на студии. Со нејзиниот сопруг Христијан заедно се уште до студентските денови, а во брачните води запловија во 2005 година.
Нејзините соседи велат дека Рози, иако нејзиниот сопруг е лидер на најголемата партија, е останата ,,на земја”. Таа често може да се види во локалните маркети во населбата Влае, каде што живее семејството Мицкоски.
Таа е позитивна, харизматична личност, која без нималку возгордеаност застанува на муабет со секого кој ќе ја поздрави.
Инаку, Рози наскоро ја чека полна раце работа. Во нејзиното семејство покрај Бадник слават и именден на нејзиниот сопруг, кога традиционално, со погачка која е месена дома одат во соборниот храм да кршат лепче.
Како што таа самата во една пригода за Вечер изјави, јануари е месец на нејзиното семејство. Покрај Бадник и Именденот на нејзиниот сопруг, тие на 20 јануари го слават Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 – ти – Свети Антониј, кога е именденот на помладиот син.
Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 година, кога дошла да студира, па го засакала градот и сега во него се чувствува убаво. Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а врската ја крунисале со брак во 2005 година.
-Се омажив за инженер, магистер на Машински факултет. Сега живеам со професор на Машинскиот факултет и политичар. Иако е огромен предизвик, се надевам дека успешно се снаоѓам во таа улога. Сега, како жена на политичар не ми е потешко од претходно, има повеќе обврски, но секако и повеќе предизвици, вели Мицкоска и додава дека нејзиниот сопруг во она што го работи, ја има целата нејзина поддршка.