Рашела Мизрахи за весник од Израел зборуваше за луѓето во нашата држава

0

Еден од најтиражните весници во Израел „Haaretz“ објави вест поврзана со првиот еврејски министер во Македонија која беше отпуштена откако го користеше старото име на земјата.

Рашела Мизрахи за реномираниот весник тврди дека нејзината оставка доаѓа како политички мотивирана, а не затоа што зборувала пред табла на која стои името „Република Македонија“.

Весникот наведува дека првиот еврејски министер во Македонија беше отпуштен минатиот викенд откако го користеше претходното име на земјата прекршувајќи го контроверзниот договор што земјата го има потпишано со соседна Грција.

„Разрешувањето на Рашела Мизахи, иницирано од премиерот Оливер Спасовски, беше меѓу последните акти на привремената влада во малата балканска држава. Пратениците гласаа 62-26 во корист на отпуштањето на Мизрахи, откако таа држеше прес-конференција пред знакот на кој се наоѓа поранешното име на земјата, „Република Македонија“.

Антисемитските напади беа изненадување. „Луѓето во Македонија не се антисемитски “, рече Мизахи оваа недела за Хаарец. „Сметам дека тие напади се дел од едно грозно политичко сценарио кое се искачи на нивото на антисемитизам, спомнува жолти ѕвезди и непријатни вербални напади“, пишува весникот.

Рашела Мизрахи беше разрешена затоа што почна да ги вади криминалите и неработата на Мила Царовска, а не за користење на името Република Македонија, бидејќи откако се најавија изборите многу функционери од СДСМ почнаа да не ја користат придавката но никој не ги спомнува, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во Клик Плус на ТВ 21.

„Министерката беше разрешена затоа што почна да ги вади сите криминали и неработење во министерството, ако беше за разрешување требаше да ја разрешат и мила царовска бидејќи таа не ја сменила ама тоа никој не го спомнува. Само што почна да ги вади работите, на пример дека Царовска чувала 8000 предмети во фиока и веднаш ја сменија“ истакна Јанушев.

Тој потенцираше дека заради вадењето на криминалите во министерството за труд и социјала намерно ја сатанизираа Мизрахи и покажаа антисемитизам во добар дел поголем од тој во втората светска војна.

Претходна статијаСпасов им кажа на СДСМ дали треба да одат на дебати и како да им изгледа кампањата
Следна статија(ФОТО) Запознајте ја Рози, сопругата на Христијан Мицкоски: Откри како и е сега, како жена на политичар