(ФОТО) Македонската актерка откри какво изненадување подготвува

0

Актерката Јелена Јованова или попозната како рецепционерката Јелена од Драчево која работи во пансионот „Преспав“ веќе неколку години живее на релација Македонија – Хрватска.

Убавата Јелена во моментов паузира кога работните обврски поврзани со актерството се во прашање, но затоа пак деновиве на социјалните мрежи најави дека на големо го спрема својот прв парфем кој што наскоро би требало да го пушти во продажба.

Правам свој парфем, се чувствувам бестрашно, пишува Јованова во описот на фотографијата.

Инаку, Јелена не е прва од домашната јавна сцена која паралелно работи и на своја козметичка линија. Наскоро и Елена Ристеска ќе ги изненади фановите со парфем, а пред неколку години тоа го направи и дизајнерката Тања Кокев.

Јелена се најде и во времето на „лудите дваесетти“, играјќи една од главните улоги во бродвејскиот хит- мјузикл „Чикаго“ во МНТ. Шарматната актерка успешно ја гради својата интернационална кариера, особено од 2011 година па наваму, по улогата на Есма во филмот

„Во земјата на крвта и медот“ кој го режираше Анџелина Џоли. Поради љубовта кон својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ и ангажманите кои ги има во Хрватска, Јелена вели дека живее на релација помеѓу двете земји, а нов предизвик и е шпанскиот јазик, поради главната женска улога во шпански филм чије снимање неодамна го завршила.

Гледачите ја обожаваат Јелена, во серијата „Преспав“. Каков лик според вас е таа, среќавате ли девојки како неа во секојдневието?

Јелена рецепционерката е еден ултра забавен, никогаш здодевен и инспитаривен лик. Безгранично отворен за игра, весел и неисцрпен карактер. Од неа може да се очекува буквално се’ и таквата непредвидливост е нешто што ме забавува секој миг поминат со неа на сет, а на мое големо задоволство гледам дека и публиката го ужива истото. Но Јелена не е само моја креација.

Јелена е непрекината синтеза од креативноста на сценаристите Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова, Алек Попов, Александра Миланова и Дељана Манева, режисерските индикации на Игор Иванов, Вардан Тозија и Даријан Пејовски, беспрекорниот костим на Емилија Ивановска Атанасовска и шминката на Ирена Сенокозлиоска и Наталија Кајевска. А за нејзиното постоење надвор од „Преспав“ си посведочив веќе неколку пати.

Претходна статијаДиректор на училиште од Гевгелија остана без работа затоа што доби „Мерцедес“ во казино
Следна статијаОд родителите наследив куќа во еден град во Швајцарија, имам 25 години, немам девојка и страв ми кога сум сам