Одбраната на Бојан Јовановски бараше укинување на мерката притвор за Бојан Јовановски. Бранителот Сашко Дуковски рече дека обвинетиот Јовановски нема да бега, ниту да се крие и активно ќе учествува во судскиот процес.
Јас одев на седумдневен одмор во Грција, а не како што вели Русковска дека сум сакал да побегнам. Тоа е ноторна лага. Ноторна лага е и тоа дека сум возел 200 на час и дека сум побегнал, рече Бојан Јовановски, откако неговиот адвокат Сашо Дуковски побара да му се укине затворскиот притвор на Јовановски.
По ова веднаш реагираше обвинителката Вилма Рускоска која рече дека сега обвинетиот Јовановски не го нашле во библиотека кога е приведен, туку на граница во обид за бегство.
„Судија, полицијата не го најде во библиотека, туку на граница во обид за бегство. Јас се противам против укинување на мерката притвор“, истакна Вилма Рускоска во судницата.
Судењето денеска продолжи во старата зграда каде беше започнато со сослушување на сведоци кои се предложени од страна на одбраната.
Тој веќе половина час ја уверува судијката дека ќе доаѓа на рочиштата, дека нема да бега и побара судечкиот совет да донесе правилна одлука.
Јовановски се пожали дека постојано има притисоци.
– Ако постапам како што постапи Кичеец и ако кажев дека Катица е виновна или дека Фросина земала пари ќе ме ослободеа – рече Јовановски.