Откриено колку пари и дава Роналдо на Георгина месечно за да му ги чува децата

0

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Роналдо и плаќа на Георгинаина што се грижи за децата и ги покрива месечните трошоци.

Двојката чува четири деца, заедно имаат ќерка, Алан Мартин, а сурогат мајката претходно на Роналдо му роди близнаци Ева и Матео и синот Кристијано Џуниор, за кои се грижи Георгина.

26-годишната убавица добива и по околу 8000 евра за секој спонзориран пост на Инстаграм и за интервјуа до 100 000 евра, според шпанските медиуми.

Инаку, Роналдо со Јувентус има договор од скоро триесет милиони евра годишно, па парот не штеди кога станува збор за луксузни производи. Фудбалерот неодамна го прослави својот 35-ти роденден, а Георгина му подари луксузен автомобил.

„Среќно на човекот на мојот живот“, напиша тогаш Георгина, која покрај тоа што беше продавачка, работела и како дадилка пред да го запознае Роналдо.

Двојката се запознала во продавницата Гучи во Мадрид, каде работела Георгина како продавачка. „Неговата висина, неговото тело, неговата убавина ми го привлекоа вниманието. Треперев пред него, имаше искра“, рече неодамна Георгина.

“Јас сум многу срамежлива и можеби тоа ме натера уште повеќе да ме вознемири лицето што длабоко ме допре со само еден поглед.

После тоа, начинот на кој ме третира Кристијано, како се грижи за мене и како ме сака , го направи се друго.” , рече долгогодишната вереница на славниот фудбалер.

Претходна статијаВрие во Албанија – Претседателот Мета го повика народот на улица
Следна статијаМилошоски пријавен за 27. Април – Костадинов му порача да си спреми адвокати