Фронтменот на составот “Суперхикс“, Петар Младеновски деновиве гостуваше во „Бекстејџ“ каде зборуваше за новата песна на бендот, „Ана“.
Освен што откри детали поврзани со синглот и видеото, Пеце прозборе и за болката после загубата на неговиот брат кој го изгубил пред околу 12 години.
„Времето не лечи ништо, тоа е лага. Во една прилика изјавив дека музиката ми помага полесно да ја надминам тагата, и навистина е така. Брат ми по чина од канцер, од тогаш сум бил дел од многу акции поврзани со кревање на свеста за оваа болест, бев дел и од кампањата на „Борка“. Таков е животот, мораш да научиш да живееш со загубите, рече Пеце.
Откри и дека ужива во времето поминато со децата Никола и Маша, а неговата сопруга Ели од неодамна се вработила во гостиварскиот театар.
Петар Младеновски е македонски музичар, член на популарниот македонски ска-панк бенд Суперхикс. Во бендот популарно наречениот Пеце е пејач и свири на бас гитара. Исто така е познат по своите колумни во македонските весници и неговите радио и ТВ-емисии.
Пеце во една прилика за едно интервју кажа: Не знам колку од уметниците кај нас се подготвени да ја жртвуваат својата слобода…, не својата слобода, туку своето конто на сметка на слободата, која треба да ја одржуваат во творечка смисла и воопшто, слободата на живеењето. Затоа што мислам дека во Македонија многу лесно се купуваат и поткупуваат домашните артисти и нивното творештво, мислам, со пар илјади евра или долари…
Мислам дека е многу лесно да купиш артист, музичар или поет или творец, со пар зелени банкноти и потоа, да го ставиш во функција на она што тебе ти одговара, како политичар сега зборувам, нели… Затоа што сметам дека политичарите се тие кои работат на таа агенда, да ја „откупат“ уметноста во Македонија.
Мислам дека имаме многу малку ангажирани уметници, а тие се оние кои пред сè, треба да го дадат својот глас во таа насока и да бидат погласни. Тоа се рокенрол артистите, кои се намерно тргнати на маргините. Барем јас имам таков впечаток, дека не се финансираат и не се промовираат рокенрол артисти и бендови, кои се практично најгласните и најкритични и го имаат оној најгласен крик кон власта и државниот апарат и се она што е негативно во тој контекст и се бројат на прсти. И сè затоа што не се лесно подмитливи, поткупливи…