Познатата македонска пејачка и водителка открива кое име требало да го добие, но и зошто не се случило тоа

0

Познатата македонска пејачка и водителка Бојана Скендеровски на својот ФБ профил сподели емотивна објава по повод својот 36. роденден.

-14/02/1984 година,Скопје,снег до колена,за чудо татко ми не бил разочаран дека не сум прво па машко,така бар денес ми кажува,можеби и само сака да ми ласка, пишува Бојана.

-Најпрвин требало да сум Јана,но некако и Бојана му се допаѓало,па ајде компромис,во Бојана го има и името Јана…

Прво дете на мајка ми,млада мајка,која не ни сонувала какви патешествија јас и таа ќе пребродиме низ животот,татко ми вика,не давала мува да прелета околу мене, сподели пејачката.

-Нема снег,топло како во пролет,но најтопло е во моето срце,ги имам моите Искра,и Ѓорѓи,а позади нас цврсто не чува мојот Васко…денес е мојот ден…и да,среќна сум пресреќна за се што искусив во изминативе 36 години! Ве сакам луѓе!, порача Бојана.

Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски неодамна се реализираше во улогата на мајка, а мајчинството целосно ја промени.

Македонската публика прво ја запозна како пејачка, за потоа се пронајде во улогата на водителка, а сепак тоа што е впечатливо за неа е дека со текот на годините имаше транформација на изгледот.

Како јавна личност е секогаш средена од глава до пети, но ние решивме да потсетиме на нејзиниот изглед низ годините со фотографии, кои само потврдуваат дека Скендеровски знае како да ја негува убавината.

На приватен план, Бојана ја има ќерката Искра од која пред неколку месеци сподели фотографија на својот Фејсбук профил. Бојана вели дека мајчинството многу ја променило на подобро.

„Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене“, додаде пејачката чиј сопруг Васко Скендеровски е продуцент на емисијата „Улица Македонија“.

„Од многуте нешта кои ми се допаѓаат кај него, пред се најмногу ја сакам неговата несебичност, и тоа што тој е добар човек, пред сите други работи кои го красат како личност. Тој е мојата најголема поддршка во се што работам, и кога и да помислам дека нешто не ми оди, или пак нема да успее, тој постојано ме потсетува дека треба да верувам во се што правам, и да бидам упорна“, раскажа Бојана за сопругот..

Претходна статијаПознатиот македонски виолинист разочаран: Побарав 2 милиони, а ми дадоа 2 илјади
Следна статијаВлера Ѓакова пратеничка од партијата на Курти: Никогаш Северна, само Македонија