Познатиот македонски виолинист разочаран: Побарав 2 милиони, а ми дадоа 2 илјади

0

Виолинистот Блерим Груби повеќе од две децении се занимава со класична музика. Последните две години како и годинава, сакаше да го реализира фестивалот Камерфест кој предвидуваше 8 концерти. За овој проект тој побарал 2 милиони денари од Министерството за култура но од таму доделиле околу 2 илјади евра. Според Груби, оваа сума е навредлива.

„Кога видовме дека доделената сума е смешна, ниту 2 илјади евра, се разочарав и бев, како да кажам, навреден во однос на поддршката од страна на Министерството за култура. Со средствата се предвидени 2 милиони денари, а издвоени се само 120 илјади денари“, истакна Блерим Груби, Виолинист .

Камерфест предвидува гости од надвор кои се докажани во класичната музика. Но Груби вели дека со средствата издвоени од Министерството за култура тој не може да реализира ниту еден концерт иако уметниците претходно прифатиле да дојдат и за скромна сума во Скопје.

„Нејзиниот хонорар е многу висок, но таа рече – колку имаат можност, јас ќе дојдам. Значи таа е многу позната флејтистка од конзерваториумот во Париз“, одговори Блерим Груби.

ТВ21: Значи, сите овие уметници претходно прифатиле да учествуваат?

„Секако, ние всушност правиме договор, да, со скромни пари бидејќи ова се уметници кои добиваат вртоглави суми, но тие го знаат нашиот стандард“, додаде тој.

Освен концертите, фестивалот требало да донесе и 6 мастер училници во Скопје и Тетово. Груби вели дека во овој случај, неговите студенти нема да можат да учат од големи уметници.

Целата сторија проследете ја на ТВ 21

Претходна статијаЕвропската држава нуди бесплатно студирање на Македонците: Вклучено сместување, исхрана и превоз, но има два услови
Следна статијаПознатата македонска пејачка и водителка открива кое име требало да го добие, но и зошто не се случило тоа