Снемува лекари во Македонија, а докторката Соња од Струга иако има најдобри резултати не може да се вработи

0

Сања Ѓоревски oд Струга десет години бара работа во здравствените установи но одбиена е и на последниот оглас . Таа е општ доктор која поминува низ 14-тиот конкурс и иако на стручниот дел е убедливо прва и има работно искуство,постојано е одбивана без никакво образложение.

Разочарана и револтирана обвинува за нетранспарентна и лошо водена постапка за вработување.

Таа вели дека Општата болница во Охрид спровела постапка на вработување без истакнување на ранг листа и транспарентност на процесот па поради тоа поднела и жалба,а за ваквата сосотојба било известено и министерството за здравство.

Сања се најде и во групата на здравствениот срам на социјалната мрежа Фејзбук во која се обвинува за непочитување на законите.

Од Општата болница од Охрид пак ги отфрлуваат обвинувањата тие на став дека постапката била согласно законот.

35-годишната Сања Ѓоревски од Струга веќе девет години бара работа како лекар и никаде не ја примаат. Од 2011 година до сега се пријавувала за работа на сите конкурси ( вкупно осум во Струга и Охрид), но секаде била одбиена без никакво образложение.

„Досега работа барав на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во Здравствен дом во Струга. Секаде сум одбиена без никакво образложение, само ја добивав Одлуката со одбиените кандидати и толку“, изјави Сања Ѓоревски, лекарка која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје.

Сања е една од одбиените кандидати на последниот конкурс во Општата болница во Струга, заедно со уште еден нејзин колега со кого работат во истата болница по Договор на дело од минатата година. На огласот беа примени 10 лекари, од кои седум што работеле по Договор на дело како неа и тројца штотуку дипломирани кои волонтирале во болницата во последните 3-4 месеци.

„Иако бев на првите места на ранг листите никогаш не бев избрана. Така е и на последниот оглас во болницата во Струга од 11.07.2019 год. Од вкупно 10 избрани доктори, иако бев осма на ранг листата и овој пат не бев избрана, а работам со Договор на дело во истата болница. Наместо да се изберат првите 10 кандидати од ранг листата избран е дури последниот кандидат , 23 -тиот по ред на листата“, вели оваа лекарка.

Сања вели дека во изборот на кандидати не одлучува директорот ниту посебна комисија, туку локалните партиски моќници. Револтирана е на тоа како се делат местата, а за себе вели дека не е член на ниту една партија и заради тоа не може ад се вработи.

Претходна статијаМладата Теодора проговори за своето искуство пред 11 години и тешките 9 месеци
Следна статијаКаков Џек – Српскиот претседател Вучиќ вчера сам ги служеше гостите (ФОТО)