Дедо Миле од Прилеп кој има 81 година нема да верувате што прави буквално секој ден

0

81 годишниот машински инжинер Миле Грданоски од Прилеп, кој се занимава со термо енергетика, од својата 14-та година по разни тефтери и книги запишувал какво било времето во Прилеп, буквално секој ден.

Прво започнал со запишување само на температурата, а потоа и на другите параметри, како облачност, врнежи, брзина на ветер, влажаност и други.

„На почетокот започнав со забележување на тефтерчиња затоа што немаше хартија во тоа време, потоа преминав во пишување на тетратки, со комјутерите печатев во ексел, а подоцна решпив сето тоа да го ставам само на комјутер“, истакна Миле Грданоски, машински инжинер од Прилеп.

Споредувајќи ги овие податоци заклучил дека во последниве 6 децении ни се случуваат огромни климатски промени. Можеби температурите биле горе долу исти, со се потопли зими, но имало и се помалку врнежи на дожд и снег.

„И нерамномерен распоред на тие врнежи, значи долги и сушни периоди, а потоа некои обилно дождови од кои се добиваат и поплави. Пред неколку зими цела Пелагонија беше поплавена“, додаде Грданоски.

Според Грданоски во иднина треба да се бориме да ја зачуваме секоја капкa вода со изградба на што е можно поголем број вештачки акумулации.

„Каде отиде таа вода од Пелагонија или од Стајковции каде имаше дури и жртви ? Отиде во Егејско море. А можеше еден дел од неа или целата таа вода да биде собрана, да не направи поплави, а да ни служи сега кога имаме вака долги сушни периоди“, истакна Грданоски.

Гасификацијата не ја гледа како фактор за борба со климатските промени промени, бидејќи и при согорување на гасот се создавал јаглерод двооксид, но бил барем подобар за амбиенталниот воздух.

Но и за гасификацијата потребен бил повисок стандард, бидејќи нејзиното спроведување во домовите чинело доста.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на Сител ТВ

Претходна статијаПознатиот македонски пејач на 65 години повторно стана татко – доби ќерка
Следна статијаМладата Теодора проговори за своето искуство пред 11 години и тешките 9 месеци